За терапијата што 3/4 народ ја чека по поглавја, почнувајќи со судството и правдата, ВМРО-ДПМНЕ упаднало и стои како дибек на ЕУ – шалтерот и само нафрла запалливи муабети за „жешки“ глави. Други проаѓаат, а ние чекаме како глупави, затоа што од аспект на ЕУ, дибекот си е наша творба. Де нѐ тушира со плунка со „гордости“, „достоинства“ и сличен булшит, де од техничка позиција заплашува со незаконски акции со специјалци, де пали чкорчиња со разни поделби, воглавно со најтупавиот стандард – со национализми. Во заднината на овие неинтелигентности стои ладното гаслајтирање. Имено, според дибекот што брани пред шалтер, еднаш „тетката“ (ЕУ) е неправедна и затоа е виновна за нашето страдање, па тој стои за да „не страдаме“ од директен контакт со неа. Линк