Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

0
By Zoran Ivanov on November 9, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 9, 2025 11:19

Рускиот крипто-милионер Роман Новак, осуден за измама од повеќе милиони долари, е киднапиран и убиен во Обединетите Арапски Емирати заедно со неговата сопруга Ана, по неуспешен обид за изнуда, пренесоа повеѓе светски медиуми.

Двојката била намамена на лажен деловен состанок што се претворил во смртоносно киднапирање со цел да ја преземе контролата врз неговите дигитални средства.

Роман Новак бил познато име во Санкт Петербург каде што ги измамил инвеститорите за милиони долари преку разни крипто проекти. Откако бил осуден на шест години затвор за измама во 2020 година, тој се преселил во Дубаи. Таму лансирал нова крипто апликација, Fintopio, и наводно собрал стотици милиони од нови инвеститори. Bo Во Русија, Новак бил осуден на казна од шест години затвор за измамата на купувачите на криптовалутата.

На почетокот на октомври, Новак и неговата сопруга тргнале да се сретнат со наводни инвеститори во близина на градот Хата, недалеку од границата меѓу ОАЕ и Оман. Сепак, откако ги смениле возилата и го отпуштиле возачот, тие исчезнале без трага.

По денови без контакт, семејството на Новак ги известило властите. Руските и емиратските власти започнаа истрага, сомневајќи се дека двојката била намамена во изнајмена вила под лажни изговори.

Киднаперите се обиделе да го принудат Новак да му го предаде пристапот до неговите значителни криптовалути, наводно чувани во дигитални паричници поврзани со неговата апликација и претходни измами.

Кога не успеале да дојдат до парите, исходот бил трагичен. Роман и Ана биле убиени, а според порталот „Фонтанка“, кој прв ја објави сторијата на „Телеграм“, нивните тела биле пронајдени распарчени во контејнери во близина на трговскиот центар Хата. Седум осомничени биле уапсени во ОАЕ и Русија кратко потоа, вклучувајќи неколкумина од Санкт Петербург и еден од Казахстан.

Дубаи криптовалути масакритрале роман новакл руски убиоен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.