Сирени низ многу градови во јужен Израел, во Ерусалим се слушаат детонации.
Сирени се огласуваат низ многу области во јужен Израел, вклучувајќи ги Бершеба, Димона, Неватим и други области во услови на масовен ирански напади со дронови и ракети, јавија израелски медиуми.
Во ерусалим исто така има тревога и се слушаат детонации.
Дописникот на Си-Ен-Ен од Ерусалим јави дека слуша детонации од далеку но не може да потврди за што се работи.
Некои медиуми јавија дека се активирал израелскиот противвоздушен систем „Железна купола“.