Техеран: Палестинската милитантна организација Хамас утринава соопшти дека нејзиниот лидер, Исмаил Ханија е убиен во „ционистички напад “ врз неговата резиденција во Техеран.
Во изјава на Телеграм, Хамас ја оплакува смртта на Ханија „како резултат на предавничката ционистичка акција врз неговата резиденција во Техеран“.
Хезболах засега не ја потврдува неговата смрт.
Либански Хезболах е отворен сојузник и помагач на Хамас во Појасот Газа. И двете движења се сојузнички на израелскиот архи-непријател Иран, преенесува германската агенција.
Хамас соопшти дека Ханија е убиен откако присуствувал на церемонијата на инаугурација на новиот ирански претседател, Масуд Пезешијан, што беше во неделата во иранската престолнина.