Од 1 724 лица со право на глас, колку што пријавила Управата на затворот Идризово, со право на глас на списокот одобрен од ДИК запишани се само 1 064, јавува 24 вести.
Осудените лица кои не се во Избирачкиот список се запишуваат на посебен список, а Народниот правобранител ќе испита зошто не им било дозволено да гласаат, и покрај тоа што, како што тврдат затворениците, имале биометрски документи.
„Недозволено е сега вината да се префрла и тоа постојано се повторува, односно да не се оганизира гласање на лицата, односно да не бидат информирани дека тие имаат право да гласаат и затворската управа треба да повика лица од МВР кои ќе ги пријават за добивање на важечки биометриски документи со кои ќе може да гласаат“ , изјави Зоран Билбиловски, државен советник во Канцеларијата на Народниот правобранител, пренесува 24.

