Стразбур: Бројот на повредени во вчерашниот судир на два трамваи во Стразбур се зголеми на 68, покажува најновиот извештај на локалните власти.
Трамваите се судрија во тунел во близина на главната железничка станица во Стразбур, една од најпрометните во Франција, по Париз.
Во несреќата се повредени 68 лица, но никој не е тешко повреден, соопшти префектурата Долна Рајна, чиј главен град е Стразбур.
Според првичните резултати од истрагата, еден трамвај се лизнал наназад на угорницата и удрил во трамвајот што стоел зад него.