Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

700 кожи од стаорци патуваат во Венеција

0
By on May 16, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Кожи од стаорци, кожурци од свилени буби и на крај неколку живи црни стаорци како изненадување за публиката која ќе го посети македонскиот павилјон на 55. издание на Венециското биенале, кој ќе се отвори на 31 мај. Биеналето е најголемата и ликовна манифестација во светот.

Министерството за култура ја избра Националната галерија на Македонија да биде организатор на македонското учество на 55. издание на Венециското биенале. Директорката Халиде Палоши – на прашањето колкав е буџетот за македонското учество на Биеналето – наместо одговор упатува да се праша во Министерството за култура. Тоа, пак буџетот не го соопштува.

Годинешната македонска претставничка на Биеналето во Венеција е уметницата Елпида Хаџи-Василева, која е од Кавадарци, но живее и работи во Велика Британија. Таа за својата инсталација насловена „Silentio Pathologia“ употребила 907 илјади свилени кожурци, 700 кожи од албино стаорци, 4 живи глувци, 150 квадратни метри на чиста ткаена свила и голем конструкција од челик. Изненадување за публиката во Венеција ќе бидат живите црни стаорци кои ќе ги затекнат во средиштетот на лавиринтот.

Во изработката на ова дело на Елпида Хаџи-Василева и’ помагало семејството, работилниа за преработка на челик од Бугарија, таа денеска патува во Венеција каде на лице место ќе ја гради својата инсталација од челик, свила и кожи од глувци.

Идејата на целиот концепт е да го проследи историското и географско ширење на болеста црна чума во светот и конкретно Италија, која се верува дека се ширела по патот на тргувањето со свилата (таканаречен свилен пат) и која најмногу била разнесувана преку стаорците, кои пак од друга страна се еден од “заштитните знаци” на Венеција.

Главната парадигма во делата на Елпида Хаџи Василева е создавање на една посебна специфична естетика во која убавото и грдото ги сменуваат своите улоги, никогаш ни едното ни другото докрај не ослободувајќи се од товарот на потребата за естетско. Друга спона е чувството на морничавост, т.е. непријатно чувство при добивање на сознанието за природата на материјалот на делото. Авторката најчесто работи со неуметнички материјали како: кожа од внатрешни органи на животни, ципи од желудници, кожи од тестиси, мембрани, кокошји кожи, глави, рибји кожи и др.

„Резониран во целост Silentio Pathologia (повеќеслојна и преносна детерминација и на насловот, во буквален превод: тивка патологија – и со медицинско, но и со преносно значење – кованица од англискиот збор path и латинскиот logia, апликативно во двете варијанти) ќе го предизвика вниманието на гледачот.

Неговата комплексност, сестраност, мултислоевитост, интердисциплинарност, интертекстуралност, трансисторичност, транскултурност, егзистенцијалност, предадената работа, пожртвуваност секако ќе го намамат реципиентот и нема да го остават рамнодушен.

Некому ќе му се допадне, некому не, исто онака како што можеме да го употребиме и дефинирањето на естетиката на грдото на Умберто Еко, кој заклучува, парафразирам, дека ‘она што за едни е отпад, за други е богатство’ и дека историските периоди и менувањето на начинот на живот ги менуваат и начините на рецепција на одредени нешта (убавото и грдото), и во денешни услови границата меѓу грдото и убавото е толку изблурирана и заматена што не може точно да се дефинира од философско-уметничко-естетски аспект.

Затоа оправдано е различното толкување на делото на Хаџи-Василева, но извесно е дека кај сите ќе предизвика силни сензации и доживувања, заедно со моменти на возвишеност и изненадување.“, пишува кураторката на овој проект, Ана Франговска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.