Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

9/11 – 12 години по најкрвавиот настан во историјата на САД

0
By Нова ТВ on September 11, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Пред 12 години на овој ист датум, 11 септември, Американците веројатно размислуваа како да ги потрошат летните одмори а не на терористички напади. „Американска пита 2“ се прикажуваше во кино-салите, а Бијонси размислуваше да го остави својот бенд и да продолжи со соло-кариера.

Главните приказни на телевизија беа од типот „напади на ајкули“ и слично. Малкумина тогаш слушнале за Ал Каеда или Осама бин Ладен.

Во тоа време, група од терористи беа при крај со планирањата на серија напади од кои подоцна ќе загинат околу 3000 луѓе.

Нападите на 11 септември (или 9/11) беа серија од четири координирани терористички напади на исламската терористичката група Ал Каеда врз САД, во Њу Јорк, и Вашингтон.

Четири патнички авиони, киднапирани од страна на 19 терористи на Ал Каеда, беа пренасочени во самоубиствени напади. Два од тие авиони, летот 11 на Американ ерлајнс и летот 175 на Јунајтед ерлајнс се урнаа во Северната и Јужната кула, односно, на Светскиот трговски центар во Њујорк. Во рок од два часа, двете кули се срушија а како резултат на пожарите, беше предизвикан и делумен или целосен колапс и на други објекти во целиот комплекс на Светскиот трговски центар, како и големи оштетувања на десетина други големи структури од околината. Третиот авион, летот 77 на Американ ерлајнс се урна во Пентагон (седиштето на Министерството за одбрана на САД). Четвртиот авион, летот 93 на Јунајтед ерлајнс беше насочен кон Вашингтон, но се урна во поле во близина на Шенксвил, Пенсилванија откако патниците се обиделе да ги соборат киднаперите.

Вкупно 3 000 луѓе загинаа во нападите, вклучувајќи ги и 227-те цивили и 19-те киднапери во четирите авиони, што претставува еден од најкрвавите инциденти во историјата на САД.
Точно времетраење на жариштата од нападите траеше 99 дена.

>> Времеплов за 9/11

На заедничката сесија на Конгресот на 20 септември 2001, претседателот Буш вети дека ќе ја брани слободата на Америка против стравот од тероризам.

По нападите, рејтингот на Буш порасна до 90 отсто. На 20 септември, 2001 тој и се обрати на нацијата по повод настаните од 11 септември и последователните девет дена на ситуација во која се одвиваа спасувачки акции и напори за обновувања.

Многу од паричните средства беа веднаш поставени за помош на жртвите од нападите, како и обезбедување финансиска помош за преживеаните и за семејствата на жртвите. До крајниот рок за надомест на жртвите на 11 септември, 2003, биле добиени 2 833 апликации.

Во Македонија, Американската амбасада и Црвениот крст на град Скопје по петти пат организираа крводарителска акција и акција за донирање храна со цел одбележување на трагичните напади од 11 септември 2001 година.

Несомнено за овие напади ќе се шират теории на заговор и понатаму, според политиката на Америка – борбата против тероризмот и понатаму останува главна цел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.