НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

9 мај е ден за да се потсетиме на поразите кои не чинеа 80 милиони човечки животи

0
By Борјан Јовановски on May 9, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Деветти мај е ден за славење, но и ден кој треба да и се посвети на историјата, за да се потсетиме на фактот дека човечката глупост има несогледливи последици по човештвото.

Формирањето на Европската економска заедница беше одлука која ја спаси, барем, западната цивилизација од фаталниот вител на историјата кој одзеде преку 100 милиони човечки животи на оваа планета во двете големи светски војни.

Поразот на човештвото во првата светска војна кој однесе 20 милиони животи беше малку, па мораше да се случи и втората светска војна во која фаталната бројка за зголеми за четири пати, по што конечно се создадоа услови да се послуша „гласот на разумот“.

Корените на ЕУ

Поразително е чувството кога се навраќате наназад судирајќи се со некои историски факти.

Ужасите на првата светска војна за некои умни луѓе во тој период беа доволно фрапантни за да се посветат на хуманата кауза која би спречила повторување на грешките – создавање услови за почеток на втората светска војна. Еден таков лик во историјата е францускиот шеф на дипломатијата Аристит Брианд кој, поддржан од неговиот германски колега кон крајот на дваесеттите години од минатиот век, Густав Стресман ќе се обидат да и го свртат вниманието на европската јавност дека првата светска војна може да биде само вовед во еден многу покрвав пир каков што го донесе Втората светска војна. Во услови на експанзијата на национализмот и популизмот во тоа време, Французинот Брианд, во септември 1929 се обраќа од говорницата на тогашната Лига на народите која заседава во Женева, со идеја за создавање на “федерални врски” меѓу земјите на европскиот континент. “Сметам дека меѓу народите кои се географски групирани како народи на Европа треба да постои некаков вид  федерални врски . Овие народи треба во секој момент на располагање да имаат можност да стапат во контакт и да дискутираат за нивните заеднички интереси, да носат заеднички одлуки и да воспостават меѓу нив односи на солидарност, кои ќе им овозможат да се соочат со кризи, доколку дојде до нив”,  изјави тогаш шефот на француската дипломатија. 

Брианд и Стресман кои и до тогаш постигнаа завидни резултати во помирувањето меѓу закрвавените Французи и Германци, по овој говор на Брианд во Женева, успејаа да издејствуваат создавање “Меморандум за организација на режим на Европска федерална унија” . Овој документ кој бил изготвен во француското министерство се обелоденува во јавноста на 1 мај 1930 година. Документот предвидува создавање на Европска унија во која во членувале 27 држави од Европа, тогаш членки на Лигата на народите. Меѓу нив се и Бугарија, Албанија, Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Накусо, идејата е таа федерација да одржи тесни врски со Лигата на народите за да не биде сфатена како креација на некаква супер сила која ги загрозува другите континенти. Понатаму во документот, станува збор за создавање на слободна царинска зона и бришење на тогаш 20.000 километри долгата царинска линија исцртана меѓу европските држави.

Меморандумот на Брианд, исто така, предвидува креирање на Европска конференција која е нешто налик на денешниот Европски совет. Во документот, извршната улога која сега ја има Европската комисија би требало да ја има Европски секретаријат, а денешниот Совет на министри, според идејата на Брианд, е тогашниот Европски комитет.

Трите клучни европски институции би имале седиште во Женева каде што тогаш се наоѓа и Лигата на народите.

Независноста и суверенитетот на секоја од нациите кои би учествувале во оваа федерација, според Меморандумот, е далеку поголема од оваа која постои денес за земјите членки на ЕУ. Но со оглед на тогашните геополитички констелации, таквиот предлог делувал сосема логичен, се разбира, со перспектива таа соработка да се продлабочува во иднина.

 

На 1 мај кога документот станува јавен, Брианд веќе го нема со себе неговиот германски партнер, канцеларот и шеф на германската дипломатија Стресман кој ненадејно починал неколку месеци порано, на крајот од 1929 година.

Во Германија, Стресман добива наследници кои се плашат од растечкиот популизам, па во документот на Бринад гледаат опасност за статус кво од територијалната поделба по Првата светска војна на штета на Германија. Хитлер е веќе политички активен. Се случува и големата економска криза со падот на берзата во Њујорк. Поддршката која првично ја доби Брианд од останатите европски држави опфатени со овој меморандум, почнува да се топи повторно под цунамито од национализмот низ Европа. Конечно, во 1932 година самиот Брианд физички ослабува и ја губи енергијата со која се залага за реализација на оваа идеја. Конечен удар за неа е и познатиот атентат во Марсеј на Кралот Караѓорѓевиќ, кога е убиен и тогашниот француски премиер Луис Барту, кој за време на неговиот мандат му дава целосна поддршка и логистика на својот шеф на дипломатијата.

Идејата за Европска федерална унија е убиена, победува национализмот по што се отвораат портите за Втората светка војна.

Од тука натаму влегуваме во претпоставки. Но, замислете Брианд и Стресман да успеаја во нивните намери? Можеби таа идеја немаше да се реализира така како што првично била замислена… можеби тие “федерални врски” ќе беа послаби, но она што може лесно да се претпостави е дека Европа и целиот свет барем ќе добиеа шанса да најдат решенија кои ќе го спасеа човештвото од лудоста на Втората светска војна и ќе се поштедеа 80 милиони човечки животи меѓу кои, кога сме во доменот на претпоставките, имало кој знае колку генијални умови, кои секако дека ќе може да и остават на цивилизацијата трајни вредности со кои ќе се гордеевме и ние денеска како нивни наследници. Создавањето на супра национално европско тело во тоа време можеби… можеби… ќе ја спречеше и суровата студената војна за која исто така овој континент плати голема цена, живеејќи поделен половина век.

За жал сето тоа се претпоставки.

Она што е факт е дека Брианд и Стресман беа поразени од лудоста на фанатичните национални митови.

Исто така, факт е дека денеска повторно живееме соочени со пораст на популизмот и национализмот во цела Европа  и САД. Она што не знаеме и што за жал е се уште под знак прашање со оглед на констелациите, е дали после се, ќе дозволиме популизмот да ни ја убие и оваа до тука остварена идеја на Жан Моне и нему сличните од повоената генерација политичари.

Затоа, 9. мај е ден на победата на разумот над лудоста но и ден кога треба да се потсетиме дека лудоста е тука околу нас, чекајќи ја повторно својата шанса.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

ВЕСТИ August 8, 2025

Германија го суспендира „до понатамошно известување“ извозот на воена опрема во Израел што би можела…

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.