НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо од Граѓанската иницијатива Мексичка

0
By Нова ТВ on June 10, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почитувани соседи, сограѓани, пријатели,

Изминативе десетина дена за нас, жителите од ова маало беа мошне мачни, тешки, исполнети со страв за нас, нашите деца и имот. Секојдневно се собиравме, имавме средби кои траеја со часови и сите сме исцрпени и секој ден, се позагрижени.

Оваа сабота организиравме протестен собир на кој на мирен начин ги повторивме нашите ставови и барања кон Општината Карпош. Градоначалникот, иако писмено го поканивме, се чини нема интерес за нашите аргументи па одлучи да не дојде. Но ние им благодариме на сите кои дојдоа, а особено на групата Длабока тага за нивната подготвеност да ни дадат голема поддршка да истраеме.

Благодарност заслужуваат и полицајците кои покажаа висока професионалност, коректен однос и на присутните и влејаа чувство на сигурност.
И по сето ова, горди сме на постигнатото. Покажавме дека соседите македонци, албанци, срби, власи од партии од власта и опозицијата можат заеднички да се борат против злоупотребата на законите бидејки само така можеме на нашите деца да им оставиме земја во која пристојно ке живеат.

Бевме обвинувани дека сме моќници што сакаат паркинг. Тоа е лага која треба да не провоцира. Еве предлог: Општината нека го поправи меморијалниот парк, и нека го огради, да остане само пристапен пат !

Ако ние сме моќници, ќе течеше ли вака градбата? Секој ден расте. Кој може да бетонира преку споменикот, со дваесет обезбедувачи и џипови за плашење? Не, ние не сме моќници, немаме обезбедување, погледнете ги нашите возила на барикадите и сами оценете.

Ние сме обични луѓе од сите генерации и припадност. Ниту обезбедувањето, ниту работниците досега се соочиле со проблеми со нас, ниту ке правиме проблеми.
Велат дека не се уништува игралиштето, дека лажеме. Погледнете го сликите и уверете се сами. Темелот е точно до кошот, а пола од дрвените љуљашки демонтираа за да копаат… Сликите кажуваат се. Велат, ако коза лаже, рог не лаже…

Ние не сме ни за, ни против сопствениците на земјиштето. Не знаеме, можеби и тие се жртви на општинската управа. Можеби некој ги излажал дека може да го протне овој проект, да исцрта маркица кај што не смее, а дека ние нема да пречиме. Но, за беља, ние сме писмени а законот е јасен – Простор од јавен интерес не се враќа!

Другата страна додуша се труди. Шири гнасотии за нас, не бира средства. За телевизија изјави дури и дека постојано добивале закани по животот. На фејсбук нивни пријатели пишуваат дека сме прилепски сељачиња (а никој од нас не е од Прилеп) и да сме си ги тргнеле дечиштата од просторот со своите џипови, очи да не им ги гледаат. Сепак, нивните очи ќе мора да се навикнат на нас, но без џипови, освен ако тие не си донесат… Убаво велат, изјавата повеќе кажува за тој што ја дава отколку за оној на кој се однесува…

Ние не сме за аргументи на силата, туку сила на аргументите. Затоа, цело време бараме фер решение за сите, кое
– ке ги обештети сопствениците со друг плац или обврзници како што сите ние, обичните луѓе сме добиле од нашите дедовци,
– на нашите деца нема да им го одземе единственото игралиште,
– и на жртвите од земјотресот кои сеуште се тука нема да им ги отвара живите рани туку ќе го почитува споменот на нивната трагедија.

Наместо летово тука да имаме свеченост по повод 50 годишнината од земјотресот нашиот градоначалник го уништува единствениот спомен-парк во цел Карпош и се обидува нашиот народ пред светот да го претстави како неблагодарен и нецивилизиран, народ кој уништува меморијален парк за прост интерес.

Ние, обичните луѓе знаеме дека нашиот противник е силен и моќен но немаме друг избор освен да бараме разумот да се врати во Карпош.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.