Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Што содржи Планот 3-6-9

25
By Нова ТВ on July 5, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 5, 2017 15:02

Првиот дел од Планот 3-6-9 што денеска го најави премиерот Зоран Заев, а го презентираше вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи содрж цели, принципи, како и конкретни чекори за спроведување на преземените обврски на краток рок, и кои треба да се спроведат во наредните три месеци, или до одржувањето на локалните избори.

Во делот на изборите, Владата ги прифаќа забелешките и препораките, кои се содржат во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР и оние дадени до експертите на Венецијанската комисија, за одржаните избори.

На краток рок мерките ќе се фокусираат на поддршка на Државната изборна комисија за нејзина внатрешната консолидација и зајакнување на нивните капацитети, а во контекст на подготовките на локалните избори, вклучително и на ажурирање на Избирачкиот список, едукација на изборната администрација и на гласачите.

Некои од предвидените активности се: постепено доекипирање на Државната изборна комисија; препорака до комисијата за транспарентност при водењето на седниците; воспоставување на механизам за одговорност на директорот на јавниот дифузен сервис доколку во следниот извештај од ОБСЕ/ОДИХР се констатира небалансирано известување за изборниот процес итн.

Владата ги прифаќа и забелешките и препораките на Европската комисија и на Советот на Европа, поконкретно на Венецијанската комисија и ГРЕКО, како и сите други релевантни документи со кои се предвидува на краток, среден и долг рок да се изгради независен, непристрасен, професионален и ефикасен судски систем. Тие се однесуваат на правосудството.

На краток рок, Владата ќе направи ревизија на Нацрт Стратегијата за реформа на правосудниот систем и ќе започне да гради атмосфера на слободно судство, без политички притисоци, со цел да обезбедиме простор и за неопходните законски измени на среден и долг рок.

Во тој дел, некои од активностите се: укинување на Законот за утврдување факти и дисциплинска одговорност на судии и, во таа насока, измени и дополнувања на Законот за судски совет; формирање нова работна група за ревидирање на Нацрт-Стратегија за реформа на правосудниот сектор согласно препораките на ЕК, Венецијанска комисија и ГРЕКО; зајакнување на кадровските капацитети на Народниот правобранител; целосна поддршка на работата на СЈО итн.

Во делот на Рамковниот договор, Владата ќе изготви Предлог-закон за употреба на јазиците кој потоа ќе го достави на консултации до Венецијанската комисија и до Собранието. Ова според Османи, е во насока на унапредување на имплементацијата на легислативните елементи од Рамковниот договор.

Во делот на медиумите, Владата ги прифати препораките содржани во Извештаите на ЕК, експертите на Совет на Европа и слично за отворање на информациите кои се од јавен интерес на слободен увид на јавноста; за изградба на партнерски однос со медиумските асоцијации и граѓанскиот сектор; за регулирање на комерцијалното рекламирање на Владата, како и за професионализација на јавниот радиодифузен сервис.

Дел од активностите предвидуваат: Одлука за стопирање со владини реклами на комерцијалните радиодифузери, објавување на сите трошоци за рекламирање на Владата и објаснување на критериумите за избор на медиумите за периодот 2008-2017 во форматот доставен од Европска комисија; Одржување јавна консултација со медиуми, медиумски здруженија и граѓански организации; Одржување неделен брифинг на Владата со медиумите итн.

Владата ги зема предвид препораките кои се нотирани во Извештаите на ЕК и резолуциите на Европскиот парламент за враќање на демократскиот амбиент во највисокиот законодавен дом, враќање на политичкиот дијалог, како и соработката меѓу сите партии вклучително и опозицијата.

Затоа во делот на реформите на Собранието, Владата тесно ќе соработува со Претседателот на Собранието и со Собранието во целина, за постигнување на оваа цел, во интерес на сите граѓани на Македонија.

Дополнително, Владата ќе даде свој придонес за целосна имплементација на препораките нотирани во извештајот на Анкетната комисија за утврдување на состојбите по немилите настани на 24 декември 2012 година, особено актуелни по настаните од 27 април 2017 година.

Владата ги поттикнува коалиционите партнери и мнозинството во Собранието, во отворена и искрена соработка со опозицијата, да се погрижат надзорната функција на Собранието и собраниските тела над работата на Владата и нејзините безбедносни и разузнавачки служби, да биде редовна и рутинска работа, со највисок можен степен на транспарентност и инклузивност на претставници од граѓанското општество.

Владата е подготвена покрај редовните пратенички прашања да се одржуваат и тематски пратенички прашања, еднаш неделно во траење од еден час, и да обезбеди присуство на експертско ниво за елаборирање на предлог законите пред работните тела на Собранието. Владата се залага за враќање на суштинската надзорна улога на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка за следење на комуникациите итн.

Во рамките на Планот 3-6-9 предвидени се и принципи, мерки и активности кои се однесуваат и на други области, како што се: реформа на безбедносните служби, борбата против организираниот криминал и корупција, реформата на јавната администрација, инклузивност на граѓанскиот сектор, миграции итн. За сите овие области, идентификувани се сегашните недостатоци и забелешки, и дефинирани се конкретни чекори за надминување на овие предизвици.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.