Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илинден

21
By Нова ТВ on August 2, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 2, 2017 18:23

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор во Универзитетот на Југо-Источна Европа

Пред само неколку месеци во Македонија вееја други ветрови. Ветрови на силен страв, на национализам и шовинизам од широки размери. Ветрови на изолационизам, во време кога највисоките претставници на власта повикуваа на насилство, на “земање на судбината во свои раце” наместо “седење дома по влечки”. На улиците се ширеше јасна омраза кон другите етникуми, вери, политички неистомисленици и претставниците на странски држави. Се зборуваше за ноќ на долгите ножеви, се пееја песни за “клетите шиптари” и се објавуваа некролози за странските амбасадори. Целата таа омраза кулминираше на 27 Април кога се дивееше во Собранието, за што одговорните сеуште никако да одговараат за своите злосторства. Каква срамна слика беше тоа за оваа држава, колку упорно се потрудија неколку лица да го задлабочат јазот помеѓу различните ентитети кои живеат во неа.

Не им успеа! Денешниот ден тоа јасно го потврдува, и влева надеж дека оваа земја може да мисли и да дејствува поинаку, на цивилизиран и проактивен начин.

Секој Илинден се сеќавам на денот кога во првата година од правните студии го полагав испитот Историја на државата и правото на Република Македонија. Тогаш испитите се полагаа усно, а јас се сеќавам на првото прашање кое ми го постави професорот Владо Поповски: Кој учествуваше во Илинденското востание и како беше формирана Крушевската република? Јас одговорив дека во ова многу важно востание учествувале Македонци, Албанци, Власи и други националности кои заедно се бореле против отоманското ропство и после ја формирале Крушевската република. Десетката во мојот индекс не беше само потврда на точниот одговор. Имајќи предвид дека полагав во 2001 година, кога во земјата имавме вооружен конфликт, смирениот и конструктивен пристап на професорот Поповски и значењето на поставеното прашање и одговор ми оставија длабок впечаток и верба дека во иднина може да се надеваме на еден ден кога ќе има повеќе разбирање, повеќе согласност и повеќе заедништво меѓу граѓаните на оваа земја.

Илинден ме потсетува и на името на синот на еден од моите омилени автори, со чии книги сум пораснала и созреала, авторот Стерјо Спасе. Тој живеел во Албанија, бил Македонец и ги напишал најубавите книги за Албанските преродбеници, како што е на пример книгата “Будење” која зборува за животот на Темистокли Гермењи и на Михал Грамено, кои живееле во истото време и се бореле против истите непријатели како и Гоце Делчев и Никола Карев. Стерјо Спасе се идентификува како конструктивен и многу способен писател кој преку уметноста како мост ги поврзувал Македонците и Албанците како делови на истото Балканско поднебје.

И еве, во овој Илинден, личи дека Македонија решила да ги реновира урнатите мостови и да изгради нови, наместо да остане мала, изолирана земја, со непријателски односи со сите наоколу во регионот, а и со светот. Денот започна со првото заедничко чествување на Илинден во Скопје, каде Борисов и Заев заедно се поклонија пред гробот на Делчев. И сите останавме живи и здрави, спокојни и среќни, не се случи никаква апокалипса, ниту пак се изгуби Македонскиот идентитет кој некои го сметаат за паричка која наеднаш може да се изгуби како игла во сено и никогаш веќе да не се пронајде. Овој голем и визионерен чекор кон еден поинаков и отворен однос со соседите, е историски момент кој отвара нова страна и прави пресврт во однос на досегашниот пристап на нашите државници, кој досега беше полн со недоверба, и страв.

Но тоа не беше единствениот денешен историски момент. Талат Џафери се обрати во својство на Претседател на Собранието на РМ во Мечкин Камен, и го цитираше најубавиот дел на Крушевскиот манифест, кој воедно ја опишува суштината на прашањето на кое јас одговарав на испит пред 16 години. За жал, речиси никогаш досега во овие чествувања највисоките државни претставници не го истакнуваа моментот на заедничката борба на различните етникуми во Македонија против истиот непријател, било тоа да е отоманското ропство, било да е фашизмот во времето на формирањето на АСНОМ. За жал, до овој ден, таа заедничка борба често пати се прикриваше и се претставуваше како борба само на еден народ, како да е некаков хендикеп за Македонците фактот што заедно со Албанците се бореле против Отоманите или против фашистите. Во минатото, таа заедничка борба се гледаше како хендикеп, а поделеноста како предност на оваа земја, или поточно, предност за тие кои владееја. А всушност, оваа Република во своите клучни историски моменти, од Крушево, преку АСНОМ се до Шарената револуција, секогаш било олицетворение на таа заедничка борба за заеднички идеали за слобода од ропство и хегемонија.

И еве, на Илинден 2017 година, се празнуваше под мотото: “Наша Македонија – без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања.” После многу години, се прифати широкоградо тој вековен а сеуште важен пристап на заедништво. После многу години, Македонија отвори пат на добрососедство со Бугарија. После многу години, премиерот на оваа држава замина да се сретне со потпретседателот на САД Мајк Пенс, во Подгорица.

Ветрови на промена и надеж веат сега во Македонија. А пред неколку месеци, пред само неколку месеци, вееја некои други, бурни ветрови на страв и насилство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.