Што напиша екс-чешкиот претседател, поет, есеист Вацлав Хавел за лустрацијата на писателот Милан Кундера во 2008- НОВА ви го презентира целиот текст, објавен во “Салон” на 21.10.2008.
Две пораки
Ги паметам тие денови исто така. Ја паметам атмосферата. Не е лесно да се објасни. Гледајќи назад, тешко ми е да се разберам себе си, и понекогаш моите дејствувања од минатото ме изненадуваат и ме тераат да поцрвенам.
На пример, како сум можел да го употребам терминот „социјална литература“ иако сум знаел дека е тоа е нон-сенс и дека не постои социјалистичка или капиталистичка литература? Како сум можел да кажам такви работи во јавноста кога ни самиот не сум верувал во тоа?
Го изгледав новиот чешки филм „Тобрук“ вчера. И по стоти пат морав да се прашам себе: Би се докажал ли себе си во таква битка? Додека бев во затвор, често се прашував какви работи и какви тајни би можел да издадам под физичка тортура? И обратно: што би помислиле младите историчари доколу би откриле дека такви документи сум им покажувал на колеги затвореници?
Секако, би можел да објаснам дека личноста била пред самоубиство и технички тоа бил едниствениот начин да го спасам, и тогаш би можеле да ја разберат и да ја ценат таквата постапка. Како и да е, овој комплициран пост скриптум на објаснување секогаш ќе биде згрчен во позадина, зад страшните оргинални вести за моето предавство.
Ќе погодите на што мислам: дури и доколку Милан Кундера би отишол во полиција да пријави дека постои шпион тука некаде, што не верувам дека тоа беше работата, неопходно е да се проба, на самиот крај, да се види низ објективот за тие денови.
Не мораше да се биде посветен или фанатичен комунист за да дејствувате во тој правец со добра волја дека вашите дејствувања би го донеле патот за подобар свет. Веројатно само би се прашале доколку, или би биле „речиси сигурни“ дека некој ви поставил стапица вам или на некој ваш близок.
Веројатно не би биле воен херој и би помислиле во себе: зошто би потрошил 10 години во затвор само затоа што „сте знаеле, а не сте кажале“.
Логорот за политички затвореници е за херои, не за луѓе како мене.
Го велам сево ова во случај младите историчари да се посомневаат во тоа што навистина се случи. Што е до мене, имам сериозни основи за сомнеж дека Милан Кундера побрзал до локалната полициска станица да пријави дека некој му кажал дека некој нив им рекол дека еден шпион треба да собере куфер од некаде. Не мислам, и не верувам дека работите би можело да се одвиваат на таков глупав начин.
Во секој случај, една работа е јасна: во неговата старост, Милан Кундера се заплетка во една сосема Кундеров свет, свет кој тој маестрално го менаџираше да се дистанцира од својот реален живот. Што тоа значи?
За мене, една работа во главно: пред да се вклучиме во нешто, треба да размислиме за сите можни последици кои би можеле да произлезат од нашите дејствувања и дали ќе бидеме во можност да го „проголтаме“.
Ако во овој скандал беше вклучен Џо Блогс наместо познат писател, ништо особено немаше да се случи. Ерго: да се биде добар писател и да се стане познат поради нечие пишување е ризична работа. Сепак, понекогаш мора да преземете ризици. Тоа е во интерес на јавноста.
Доколу делата на Кундера не постоеја, светот значително би бил посиромав. Од друга страна, за 16 октомври 2008, самиот Кундера би бил значително подобар. Или барем би бил во иста позиција со Џо Блогс.
На крај, имам две работи да кажам:
Едната од нив се однесува на младите историчари: Ве молам водете сметка кога и судите на историјата! Бидејќи во спротивно би и нанеле повеќе штета отколку добро. Како што тоа го направија вашите дедовци.
Другата за Милан: Пробај да ги надминеш работите! Како што знаеш, и полоши работи се случуваат во текот на животот од тоа да бидеш клеветен од страна на медиумите.