НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој се плаши од Џорџ Сорос?

0
By Нова ТВ on October 20, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува Емили Тамкин

Минатата зима, во текот на антикорупциските демонстрации, телевизиски презентер го обвини Џорџ Сорос – роден во Унгарија, aмерикански милијардер филантроп со еврејско потекло – дека плаќа кучиња да протестираат.

Протестите во Букурешт, предизвикани од легислативата усвоена во глуво доба која имаше за цел да ја декриминализира корупцијата, беа најголемите што земјата ги имаше видено од падот на комунизмот во 1989. година. ТВ Романија – канал поврзан со, иако не е официјално во сопственост на, владата – наведуваше дека протестантите се платени.

„Возрасните беа платени 100 леи [24,00 $], децата заработуваа 50 леи [12,30 $], а кучињата беа платени 30 леи [7,20 $]“, рече еден презентер.

Некои од протестантите одговорија со завиткување на нивните кучиња со постери; други ставаа пари во ременчињата на нивните миленици. Едно куче стоеше до знак на кој пишуваше, „Може некој да ми замени 30 леи за евра?“ Друго куче носеше таков на кој што пишуваше: „Џорџ Сорос ми плати да бидам тука“.

„Провладина телевизија, тие лажат цело време. Со три реченици тие кажуваат пет лажги“, изјави истражувачкиот новинар Андреј Астефанесеј за магазинот Foreign Policy (Форин полиси)  надвор од продавницата за гиро во Букурешт. „Ви кажав за таа лажга, дека Сорос плаќа за кучиња. Ако донесете повеќе кучиња на улица ќе добиете повеќе пари“. Се смееше.

Романската ТВ беше казнета за своите лажни тврдења за Сорос. Но идејата – дека речиси половина милион Романци и нивните кучиња, излегоа на улиците бидејќи Сорос ги натерал да го направат тоа – наиде на позитивен одзив.  Тоа е слично со идејата дека лично Сорос е одговорен за подучување на учениците за правата на LGBTQ во средните училишта во Романија; дека Сорос манипулирал со тинејџерите кои ги водеа овогодишните антикорупциски протести во Словачка; и дека граѓанските организации и она што е останато од независните медиуми во Унгарија не би постоеле без Сорос и неговата Фондација Отворено Општество.

Идејата дека 87-годишниот Сорос лично предизвикува незадоволство не е ограничена на европската страна од Атлантикот; заговорите на Сорос се глобален феномен. Во март, шест сенатори на САД потпишаа писмо во кое бараат од персоналот на  државниот секретар Рекс Тилерсон да се разгледа финансирањето на владата на САД што е наменето за организации поддржани од Сорос.

„Нашиот скептицизам за групи финансирани од Сорос што ги поткопуваат американските приоритети оди многу подалеку од границите на Источна Европа“, рече портпаролот на сенаторот од Јута Мајк Ли, кој ја водеше иницијативата, кога беше прашан дали постои некаков конкретен доказ за активност финансирана од Сорос во Источна Европа што го предизвикала писмото или дали загриженоста била поопшта.

Сорос дури и го поврзуваа со поранешниот бек на NFL Колин Каперник, кој клечеше во текот на изведувањето на националната химна за да протестира против полициската бруталност. „Честитки за Колин Каперник за популаризирањето на омразата кон Америка. Добро сработено“, напиша на Твитер Томи Ларен, конзервативен коментатор во текот на контроверзата. „Вашиот другар Џорџ Сорос е многу горд. #istand“.

На Твитер, Сорос исто така се сметаше за одговорен за неодамнешниот референдум за независност на Каталонија и за масакрот со огнено оружје во Лас Вегас.

Но едно од местата каде сомнежот за Сорос е поочигледен е Централна и Источна Европа. Таму, Сорос не е различен од Огледалото Erised во Хари Потер, со разлика на тоа што додека фиктивното огледало го покажува она што гледачот најмногу го посакува, Сорос ја покажува земјата што најмногу ја мрази.

Во Романија, каде што водачот на владеачката партија велеше дека Сорос сака да прави зло, на милијардерот не треба да му се верува бидејќи тој е Унгарец. Во Унгарија, каде што премиерот Виктор Орбан повеќе пати има објавено дека Сорос ќе биде главната тема на општите избори следната година, тој е издајник. И насекаде, тој е Евреин, самото негово име е поим за антисемитизам што е длабоко закоравен во регионот.

Сега, ефективноста на Сорос како страшило за конзервативни влади ќе биде ставено на тест, буквално. Оваа недела, Унгарија одржува „национална консултација“ во основа референдум дизајниран да го осуди Сорос и неговите гледишта за имиграцијата. Анкетата финансирана од владата ќе биде отворена за полнолетните граѓани на земјата и има за цел да ги добие нивните гледишта за родениот во Унгарија кој го преживеа холокаустот.

„Џорџ Сорос има купено луѓе и организации, и Брисел е под негово влијание“, рече Орбан во радио-интервју во петок во периодот пред консултацијата. „Тие сакаа да ја срушат оградата, да дозволат милиони имигранти во Европа, па да ги распределат користејќи задолжителен механизам – и сакаат да ги казнат оние што не се согласуваат со тоа“.

Сорос одби интервју за овој напис, но портпаролот на Фондацијата Отворено Општество, главниот канал за филантропските напори на Сорос, возврати со силна реакција за неговата отвореност. „Тој е човек кој се залага за своите верувања“, изјави за FP Лаура Силбер, портпарол на фондацијата. „Ти се закануваат кога зборуваш против автократи и корупција“.

Обвинувањата и омразата кон Сорос се, да позајмиме од Карл Маркс и Фридрих Енгелс, сениште што ја прогонува Централна и Источна Европа. Но како 87-годишен милијардер оддалечен илјадници милји стана најпознатото сениште во регионот?

Сорос започна со својата филантропија не во Централна и Источна Европа туку во Јужна Африка во ерата на апартхејдот во 1979. година. Таму, им даваше стипендии на црните Јужноафриканци да студираат на Универзитетот во Кејп Таун. Пет години подоцна, во 1984. година, тој започна со првото Отворено Општество во Европа во Унгарија.

Името на фондацијата беше инспирирано од делото Отвореното општество и неговите непријатели на Карл Попер. Сорос се запозна со работата на Попер како студент на Факултетот за економија во Лондон декади порано и очигледно останал под толкаво влијание од идеологијата на филозофот што ја именуваше својата организација по истото.

Сорос воспостави мрежа на организации Отворено Општество низ Централна и Источна Европа делумно бидејќи беше загрижен за интелектуалниот егзодус, според Јан Орловски, раководителот на Отворено Општество Словачка, кој зборуваше за FP во неговата канцеларија во стариот град на Братислава. Сорос сакаше регионот да биде место каде што луѓето можеа да се видат себе си дека ќе останат – и да останат во либерални демократски општества. „Не сакам луѓето да се чувствуваат како да мора да заминат“, рече Орловски за размислувањето на Сорос.

Во некои случаи, плаќањето за тој вкус на либералната демократија имаше политичка арома. Во Словачка, НВО поддржани од Отворено Општество во 1998 година ја водеа кампањата “Rock the Vote” (Излези да гласаш) која го охрабруваше гласањето на гласачите и го исфрли премиерот Владимир Мечијар, кој како што велеа критичарите дозволил земјата да се претвори во мафијашка држава.

Пол Стубс, британски академик со живеалиште во Хрватска, рече дека една критика за Сорос од тоа време била дека филантропот сакал да биде регионален политички играч, но дека го постигнал тоа со давање огромни пари на локалните елити. „Оние личности што тој ги поддржа кои имаа за цел да раководат со локалните фондации Отворено Општество… добија многу голема автономија“ од средината до крајот на 1990-тите, рече Стубс.

Во 90-тите, идеата дека Отворено Општество и Сорос имаат некакво политичко влијание, иако индиректно, не беше само измислица на фантазијата на власта. Оние што добиваа финансирање беа локални елити, понекогаш спротиставени на оние на власт и често беа такви кои Стубс, позајмувајќи од американскиот антрополог Џенин Ведел, ги нарекува „свивливи актери“ – луѓе кои може да им ги кажат вистинските нешта на сите со кои зборуваат ако тоа значи дека ќе добијат повеќе моќ и влијание.

Сепак, парите на Сорос исто така помогнаа да се изложат луѓето на западните идеи кои не беа секогаш прифатени во нивната средина. Роксана Мари, наставник во средно училиште и активист за правата на ромите и LGBTQ, беше лично поддржана од Сорос во 1990-тите, кога отиде на едномесечно патување во Шкотска со грант на Сорос. Сорос и неговите пари беа насекаде во тоа време. „Сорос е всушност име на икона“, рече таа.

Но тој е икона за различни луѓе од различни причини. За оние кои отишле некаде со „грант на Сорос“, тој им претставувал икона бидејќи им овозможил да излезат од земјата за прв пат, понекогаш со повеќе пари отколку што имале кога било порано, и да се запознаат со идеи со кои никогаш не се сретнале. Но за оние што не го направиле тоа, тој бил митска фигура со унгарско потекло (во Романија, зло нешто) со неверојатни суми пари одговорни за воведување на туѓи идеи. Нему не требало да му се верува.

Марин беше само во Шкотска еден месец, на возраст од околу 25 години, со повеќе пари од грант отколку што имала кога било претходно. „Ја смени мојата претстава за учењето и општеството и другите нешта. И беше прв пат кога излегов од Романија“, рече таа. Ова беше вистина за многу луѓе во 90-тите. „Секој [што беше со таков грант] вели, ‘О да, се сеќавам на мојот грант од Сорос, моето патување од Сорос“.

Сепак, барем во неговата земја, Сорос во 1990-тите беше популарен. Сорос беше славен во Унгарија, каде го основа Централно Европскиот Универзитет, финансираше НВО и даваше грантови за студенти, вклучувајќи го оној што во 1980-тите години, испрати млад човек по име Виктор Орбан на Универзитетот Оксфорд.

Во првата декада на 2000-тите, Сорос добиваше релативно топол прием за неговата работа во Централна и Источна Европа и целта на неговата организација, за отворени општества и западна интеграција, се чинеше дека добро се одвива. Фондациите Отворено Општество низ регионот ги финансираа НВО, студентските клубови за дискусија и образовните патувања. Во 2004. година, Балтичките земји, заедно со Чешката Република, Унгарија, Полска и Словачка и се придружија на Европската Унија. Романија и Бугарија го следеа примерот во 2007. година.

Во други земји каде што работеше Сорос, промените беа дури и попроблематични. Во Грузија, Револуцијата на розите предизвика пад на Едуард Шеварнадзе, кој беше критикуван од Сорос. Отвореното Општество таму финансираше некои НВО и граѓански фактори кои ја поддржаа револуцијата, а Сорос плати за набљудувачи на изборите. Во 2004. година, Портокаловата револуција во Украина, друга земја каде што беше активен Сорос, предизвика пад на автократ поддржан од Кремљ.

Сорос се сметаше за фактор во двете, таканаречени, поголеми револуции. „Џорџ Сорос направи многу добра работа за многу нешта – тој ја поддржуваше Револуцијата на розите, младинските групи“, рече Михаил Сакашвили, кој стана претседател на Грузија по револуцијата. „Очигледно е дека, во конкретниот момент, тој беше природен сојузник“.

Всушност, еден од членовите на кабинетот на Сакашвили, Александер Ломаја, претходно беше извршен директор на Фондацијата Отворено Општество Грузија, индикација за блиските врски што поддржувачите на Револуцијата на розите ја имаа со филантропските активности на унгарскиот милијардер. Сорос беше добар во засилување на таквите видови на народни движења, според Сакашвили. Но поранешниот претседател на Грузија се однесуваше претпазливо во врска со подлабокото вклучување на Сорос од тоа. „Кога ќе почне да се занимава со политика, тој не е толку добар“, додаде тој.

Колкави заслуги доби Сорос за Револуцијата на розите е тема за дебата. „Улогата на фондацијата – и мојата лична [улога] – беше во голема мерка преувеличена“, рече Сорос во Грузија во 2005. година. „Мислам дека вие тука мора да знаете повеќе од кој било друг дека Револуцијата на розите беше целосно дело на грузиското општество“.

Сепак дури иако се чинеше дека активностите на Сорос даваат резултати, политичките околности на земјите во кои работеше се менуваа. Глобалната економска криза, која започна во 2008. година, создаде сомнежи за финансиската корист од интеграцијата во Европската Унија и во западниот свет. Ова беше почетокот на крајот за отворените општества во Централна и Источна Европа, според еден поранешен унгарски политичар, кој побара да остане анонимен.

„Најголемиот број од овие земји имаа многу кршливи демократски институции“, рече тој. „Пред да може да зајакнат дојде финансиската криза што го поткопа целото воспоставување на демократија“.

Кризата исто така олесни да може да се оцрни секој поврзан со финансиите, како на пример милијардер.

Од негова страна, Сорос одговори со донирање на 100 милиони $ на Централна и Источна Европа за да помогне луѓето и НВО да закрепнат. „Политичкиот ризик е многу сериозен и подемот на шовинистичката, ксенофобна екстремна десница е вознемирувачки развој“, изјави Сорос за Financial Times во 2009. година, објаснувајќи ја неговата донација.

Сепак во 2012. година, централната Фондација Отворено Општество реши дека ќе се повлече од финансирање на локалните филијали во регионот. Локалните организации би добиле финансирање за нивен опстанок од уште неколку години, па потоа тие може да аплицираат за поединечни грантови од централната фондација. Сепак тие повеќе нема да го добиваат оној вид на постојано финансирање што го добиваа во минатото.

Сорос го повлече своето финансирање од организациите во регионот бидејќи според него мисијата беше исполнета, рече Габриел Петреску за FP од неговата канцеларија во Букурешт, што гледа на плоштадот каде стотици и илјадници луѓе протестираа против корупцијата минатата зима и каде што стоеа кучињата со знаци.

„Тој рече дека сега сме членови на ЕУ“, рече Петреску, кој ја води Фондацијата Серендино, која порано беше филијала на Отворено Општество за Романија. „Тој ја исполни мисијата за отворање на овие земји“.

Дури и кога Сорос ја забавуваше својата работа во Источна Европа, политичката географија под неговите нозе се менуваше. Во 2010. година, Орбан поранешен корисник на Сорос, уште еднаш стана премиер на Унгарија како член на конзервативната партија Фидеш. Две години подоцна, Роберт Фицо повторно ја презеде позицијата на премиер на Словачка. Во 2015. година, Ливиу Драгнеа го презеде раководењето со Социјалдемократската партија на Романија. Таа иста година, конзервативната полска партија Право и Правда, водена од пратеник на собранието Јарослав Качински, кој што го обвини Сорос за обид за уништување на традиционалните општества, се врати на власт.

Овие лидери дојдоа на власт непосредно по глобалните економски кризи, кога луѓето започнаа да мислат дека Европската Унија воопшто не е она што беше ветено и дека можеби дури и е закана за нивниот начин на живот. Тие дојдоа на власт, рече Орловски раководителот на Отворено Општество Словачка, бидејќи „либералната демократија сега се согледува како зло“.

Тие не победија врискајќи против Сорос. Но во 2012. година, по ослободувањето од илузиите околу уредувањето што го постави Орбан во кое немаше вистински политички противник, премиерот го насочи своето внимание кон милијардерот, според поранешниот унгарски политичар. Делумно, тоа беше така бидејќи порано Орбан се потпираше на Сорос и неговите пари.

„Орбан, како што започна со своето спуштање во поавторитарна и се помалку либерална политичка личност започна да го навредува Сорос и да го одрекува тој дел од неговото минато, кога беше поддржан од некој кој се грижи за отворени општества“, рече тој. „Дел од тоа е и личен“.

Унгарската амбасада во Вашингтон ги отфрла овие наводи. „Оваа претпоставка е потполна глупост“, истакна портпаролката во е-пошта до FP. „Владата на Унгарија има спор со г. Џорџ Сорос бидејќи тој се залага за имиграција, додека Владата на Унгарија сака да ја запре имиграцијата“.

Но Сорос сепак е прикажан како Унгарец кој ја предава Унгарија, богат финансиер со нечисти пари, Американец и што е суштинско Евреин. Лицето на Сорос беше обликувано во профил на автобуските постојки заедно со насловот „Стоп Сорос“, како дел од владината кампања. Неговото лице се наоѓа на огласите за националната консултација во бројни унгарски весници. Во понеделник, пратеникот во парламентот Андрас Арадски одржа говор именуван „Христијанска должност за борба против Сатаната/Планот на Сорос“.

Самиот Орбан не излезе надвор да каже дека Сорос е лош бидејќи е Евреин. Сепак многумина веруваат дека не мора да го направи тоа. За евреизмот на Сорос, Стубс рече, „Тоа воопшто не би го потценил. Истото одговара во поопштиот модел на антисемитските теории на заговор“.

Евреите во Унгарија го молеа Орбан во јули да го запре „лошиот сон“ на антисемитизмот. Орбан преку портпарол инсистираше дека антисемитизмот нема врска со кампањата против Сорос. Неодамна, откако новинар укажа дека мерките против Сорос се антисемитски, портпаролот на владата кажа на телевизија дека новинарот е зависен од дрогата да ги нарекува луѓето нацисти.

Унгарската владеачка партија почна да се пресметува со НВО што добиваат странско финансирање, од кои многу навистина добиваат пари од Фондациите Отворено Општество. Парламентот на земјата исто така донесе закон против универзитетите формирани од матични универзитети од странство за кои владата инсистира дека нема никаква врска со Сорос, кој го основаше Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта во 1991. година.

Слична ситуација се создава во Романија, каде Драгнеа и неговата партија на власт му ги припишуваат проблемите на својата земја на Сорос. „За овие луѓе во владата, очигледно е дека Сорос не е закана“, рече Петреску, раководителот на Фондацијата Серендино. „Но го користат тоа – знаете, во текот на изборите, опозициските партии беа многу слаби“.

Петреску вели дека за да не се зајакне опозицијата, со нивното третирање како непријател и затоа легитимна закана за моќта на владеачката партија, тие се вртат кон Сорос. Не кон Сорос 87-годишниот човек, туку кон Сорос митот.

„Тие мора да измислат страшило. Тоа се надувува. Може да имате некаков доказ за неговата вклученост во активностите, и тоа дава сторија, а тие открија дека Сорос е совршениот кандидат. Тоа е она што и Орбан го правеше исто така“, рече Петреску.

Некои од НВО кои беа обвинети дека се марионети на Сорос се навистина финансирани од Отворено Општество. Но други НВО обвинети дека се поврзани со Сорос немаат никаква врска со истиот. Во Букурешт, Козмин Појорану, кој е задолжен за комуникации во НВО што се вика Фанки граѓани, којашто работи на подигање на граѓанската ефикасност кај Романците, кажа за FP дека е нарекуван марионета на Сорос.

„Луѓето дури и не знаат дека постои целосно натпреварувачка постапка за да се добијат грантови… излегување и добивање грантови, пополнување документи. Не е како да имам телефон некаде и едноставно да можам да му се јавам на Сорос“, рече тој. Појорану признава дека добива финансирање од странство, но вели дека тоа не треба да претставува никаков проблем.

Некои луѓе замислуваат „петмина собрани во стан може едноставно да му се јават на Сорос. Сорос, мислам, тој е навистина стар“, рече Појорану. Тој е вознемирен од сите тие обвинувања дека се манипулира со НВО. „Ако немате цврст доказ, тогаш едноставно губете се“.

Сепак во реалноста не е важно дали постои цврст доказ, бидејќи работата на НВО е напаѓана во секој случај. Сорос, човекот можеби го нема истото влијание во регионот како што го имал порано. Но Сорос митот, сеништето, ѕвездата на секој заговор, се јавува во поголема мерка од кога и да е.

„Најважната вредност на НВО и зошто граѓаните имаат доверба во истите и им веруваат е нивниот кредибилитет“, вели Шандор Ледерер, антикорупциски активист во Унгарија. „Едно нешто што го руши ова [е] да се покаже дека тие се само марионети на туѓи интереси“.

Сепак Унгарија отиде прилично подалеку од напаѓање на организациите поддржани од Сорос, фокусирајќи ја својата енергија врз Сорос човекот. Националната консултација на владата на Унгарија ги анкетира полнолетните граѓани дали тие се согласуваат или не со изјавите вклучувајќи: „Друга цел на Џорџ Сорос е да се осигури дека мигрантите ќе добиваат поблаги кривични казни за кривичните дела што ги сториле“ и „Исто така е дел од планот на Сорос да се иницираат политички напади против оние земји кои се спротивставуваат на имиграцијата и истите да бидат строго казнети“.

Тоа е, по секоја мерка, чуден политички процес, имајќи во предвид дека е всушност референдум за речиси 90-годишен човек кој не живее во Унгарија, не се натпреварува за политичка функција и не е одговорен за имигрантската политика на Унгарија.

Орбан „навистина од ова направи лична кампања против Џорџ Сорос“, рече Силбер, портпаролката на Отворено Општество. „И на Џорџ Сорос навистина не му е сеедно“.

*Емили Тамкин е редовен новинар во „Foreign Policy“ кој ги покрива амбасадорските и дипломатските работи во Вашингтон. (@emilyctamkin)

Овој напис првично се појави на ForeignPolicy.com[ForeignPolicy.com]. Истиот е авторско право на The FP Group.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.