НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алберто Моравија: Сите треба да бидеме скопјани

0
By Борјан Јовановски on July 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Пред 49 години на овој ден ,26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути изутрината Скопје го погоди катастрофален земјотрес со интензитет од 9 степени според Меркалиевата скала. Во рушевините животот го загубија 1 100 лица, 3000 биле повредени а 200.000 останаа без покрив над главата.

Скопје е разурнато и делува страотно,се вели во еден од првите новински извештаи испратени и објавени во странските медиуми. Дента веднаш по несреќата се мобилизарат сите републики и покраини од тогашната СФРЈ.

Заедно со сите народи на Југославија ќе настојуваме да ги ублажиме последиците од несреќата која му се случи на Скопје, изјави тогашниот претседател на СФРЈ,Јосип Броз Тито.Солидарноста која со Скопје и Македонија ја споделуваат Југословеските народи брзо приминува во глобална.

35 земји членки на ООН во тоа време покренуваат иницијатива за помош на Скопје. На неа се одзиваат 78 држави .И денска некои од објетките изградени во тоа време го носат насловот на државите од кои стигнала помошта.Романската болница, руските згради, јапонските бараки.

Во колективната меморија на градот забележани се и други акции на светската солидарност. Во 1965 година ООН распишуваат конкурс за креирање на урбанистички план за изградба на Скопје. 60% од планот му се доверени на идеите на тогаш светски познатиот архитект Кензо Танге а другите 40% на архитектите од СФРЈ. Денешната железничка станица на пример е еден од објектите на Танге и неговата тогаш футуристичка визија за градот.

Се мобилизира и интелектуална јавност во Европа повикувајки на солидарност. Скопје не смее да остане само извештај од весниците за неговото страдање туку треба да се претвори во одговорност за сите нас,луѓето на денешницата и иднината кои би можеле да бидат жртви на слични катастрофи, сите треба да бидеме скопјани, изјави светски познатиот новелист Алеберто Моравија. Слична изјава дава и филозофот и романсиер Жан Пол Сартр. Скопје не е трилер филм во кој погодуваме кој е главниот настан. Скопје е концентарција на човечката борба за слобода со резултат кој инспирира идни борби и не прифаќање на порази, рекол Сартр инспириран од мобилизацијата на светската солидарност да му се помогне на Скопје и скопјани.

Во знак на подршка на Скопје, Пабло Пикасо донира едно негово дело наменето за тогаш планираниот нов музеј на современата уметност.
Во масовната акција на солидарност Скопје во текот на годините кои следат по земјотресот добива сосема нов лик. Архитектонски градби кои се и ден денеска предмет на интерес на архитектите од целиот свет.

По промената на урбаниот лик во доцните 60 и раните 70 Скопје денеска претрпува нови промени на неговиот лик со актуелната реализација на проектот Скопје 2014. Многу домашни и странски авторитети во архитектурата забележаа дека овој проект не соодвествува на реалноста и историјата на Скопје. За жал нивните критики како и сугестии во концептот за модерно Скопје да се запамети светската солидарност се игнорирани од власта и надлежните градски институции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.