НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога правдата почнува да функционира

0
By Нова ТВ on November 30, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Универзитетски професор

Се сеќавам добро на тој ден, 27 април, иако има и такви кои сакаат да го заборават и да кажат дека тоа што се случи не беше нешто многу страшно. Се сеќавам на директниот пренос на телевизија на тој дел од конститутивната седница на Собранието кое за прв пат во историјата на Македонија траеше повеќе од цел месец. Се сеќавам многу добро на сите детали од кадрите пренесени во неколку од националните телевизии но не и на Собранискиот канал на МРТВ, се сеќавам и на преносите во живо на социјалните мрежи споделени од самите пратеници и новинарите присутни во таа седница.

После најдолгото одолговлекување на конститутивната седница, кога се чинеше дека истата нема никогаш да заврши, парламентарното мнозинство избра нов претседател на Собрание. Уставниот поредок на нашата земја одредува дека во конститутивната седница на Собранието парламентарното мнозинство  избира претседател. Парламентарното мнозинство, вели Уставот, не оваа или онаа партија, не тие или оние протестанти. Ова е уставниот поредок на земјата кој беше прецизно почитуван од парламентарното мнозинство на 27 април. Ова е уставниот поредок што повеќе од месец дена парламентарното малцинство спречуваше да се почитува.

Во тие директни преноси од Собранието тој ден видовме и што се случи после самиот акт на избор на новиот претседател од страна на парламентарното мнозинство. Главните врати на зградата на Собранието беа отворени од внатре, и внатре влезе толпата нервозни граѓани, поттикнати и заслепени со националистичка пропаганда која за цел имаше спречување по секој услов на мирниот трансфер на власта. Заедно со толпата влегоа и лица со црни качулки, кои точно знаеја што треба да направат, а некои пратеници јасно им кажуваа по кој пат најбрзо ќе стигнат до салата за прес конференции. Тие што јасно повикуваа а можеби и нарачаа извршување на сите насилни дела кои се случија внатре, не беа таму, беа некаде на службен пат, надвор од државата, божем ова ќе ги спаси од апсолутната кривична одговорност  во врска со овие случувања.

Што се случи понатаму видовме со свои очи. Насилство, крв, обиди за убиство… Беше таа страшна вечер кој предизвика голем страв и несигурност кај сите грѓани кои ги следеа случувањата во директен пренос. Оние пак кои беа присутни таа ноќ во Собрание, новинари или пратеници, нивните трауми се незаборавни и неизлечиви и не верувам дека можат некогаш целосно да се надминат.

Да бидете сигурни, тероризмот нема рогови, и овие случувања беа токму тоа. Тој ден највисокиот законодавен орган на државата, целата држава и сите граѓани беа безмилосно тероризирани од страна на група која го загрози уставниот поредок на земјата сакајќи да спречи потполно легален и легитимен акт на парламентарното мнозинство. Тоа дело е јасно одредено во членот 313 на Кривичниот законик на РМ и се вика Терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста. Пазете, тоа е дело на загрозување, доволно е уставниот поредок да бил загрозен, не е потребно да бил нарушен и сменет. Во битието на ова кривично дело има три основни елементи: јасната намера да се загрози уставниот поредок, употребата на насилство и предизвикувањето на страв и несигурност кај граѓаните. Токму овие беа главните елементи на случувањата од тој крвав ден: уставниот поредок беше загрозен со јасна намера: спречување на мирен трансфер на власта; употебата на сила беше повеќе од јасна додека пак предизвиканиот страв и несигурност кај граѓаните беа неспорни.

Веднаш после настаните, пристапот на Јавното обвинителство за организиран криминал беше најмалку кажано смешно. Учество во толпа. Со ваква ли минорна квалификација ќе се покриеше тоа што се случи тој ден?! После некое време, ова Обвинителство го подобри некако пристапот и одредени лица беа приведени под основано домнение дека извршиле убиство во обид кон пратеникот Зијадин Села како и насилство спрема други пратеници. Но и ова квалификација не го покрива целосно самиот комплексен настан.

Да бидам искрена, не ми одеше на крај памет дека ова Јавно обвинителство ќе ја даде соодветната квалификација на тоа тешко дело против државата што се случи на 27 април. Имајќи ја предвид досегашната неактивност на ова обвинителство заради која мораше да се формира Специјално јавно обвинителство, воопшто не верував дека првата институција ќе собере сили сериозно да пристапи кон гоњењето на тие крвави случувања. Всушност, сите ние кои тврдиме дека разбираме нешто од кривичното право, јасно се огласивме во текот на самите случувања дека на 27 април се случи токму терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од членот 313 на КЗРМ. Но дека овој факт навистина така ќе се утврди во овие услови во кои научивме да живееме, беше навистина изненадување. Ние всушност научивме да живееме во услови во кои само Албанците во ова држава се обвинуваа за тероризам за дела извршени под мошне сомнителни и неразјаснети околности, објавени како такви во прес конференции на МВР во кои без да се изнесе никаков доказ се зборуваше за фатени убијци и терористи. Така беше на пример случајот Монструм кој сега треба допрва повторно да се суди заради фактот што доказите не се доволни и самите обвинители да се уверат дека осудените на вистина се сторители на делото.

Сега имаме потполно друга ситуација. Лицата кои сите ги видовме во живо како го извршуваа терористичкиот акт на напад на Собранието и над пратениците се обвинуваат токму за тоа што ги видовме дека го прават, иако долго време истите тие лица не убедуваа да не им веруваме на нашите очи. Да не верува човек дека законот навистина може да важи и дека делото сторено на најтранспарентен и отворен начин може да добие точна квалификација! Ете што ни направи преживувањето во една држава во која владеењето на правото до сега беше неостварен сон, сега не можеме да поверуваме дека законот навистина реално почнува да се почитува.

Го слушам загрижениот Груевски и другите членови на ВМРО-ДПМНЕ на протестите на кои излегуваат секој ден а кои упорно ги подржува и шефот на државата. Ова е навистина чуден мазохистички па дури и суицидален потег, шефот на државата да поддржи извршители на напад кон државата. Тотален абсурд!

Нивната загриженост се однесува главно на фактот што за овие дела биле приведени оперски пејачи и режисери на филмови. Како да тие не се способни да извршат кривични дела. Епа теба да го читаат малку Кривичниот законик во кој членот 313 започнува со “Тој што…” и означува дека се работи за општо кривично дело кое може секој да го изврши без разлика на неговата професија, авторитет, функција или карактер. Дури се споменува бесрамно и плачот на нивните деца, како да таа работа ќе ја ублажи самото дело. Ме интересира зошто никогаш не беше спомнато каков развој ќе имаат тие деца кога го гледаат својот татко како насилно влегува во Собрание и го загрозува уставниот поредок на земјата? А децата на Зијадин Села како ли се чувствувале кога со часови не знаеја дали нивниот татко е жив или мртов откако го гледаа закрварен и влечен по подот на собраниската зграда? Тие не ли се деца, нивниот плач не ли е плач? Тие деца во ниту еден момент на овие случувања не беа воопшто спомнати и добро е што не беа, бидејќи е многу јадно и бедно и срамно нивните солзи да бидат злоупотребени во вакви и така тешки и комплексни кривични дела.

Имаше и такви загрижувања што се однесуваат на имунитетот на неколку пратеници кои беа приведени и задржани во полиција и изнесени пред кривичен совет во претходна постапка. Како да не е сосема јасен Уставот во кој само притворот е основа за барање на симнување на имунитет. Пратениците не се недопирливи светци кон кои не може да се преземат предистражни дејствија или да се приведат придружат и задржат. Кон нив може слободно да се изречат сите мерки за обезбедување на присуството во кривичната постапка и сите други мерки и дејствија кои ги предвидува ЗКП освен притворот, кој и така  не е изречен туку се чека Собранието да им го симне имунитетот.

Мислам дека вистинската грижа која го мачи Груевски и неговите следбеници е тоа што законот почнал да функционира. Тие се тероризирани од помислата дека законот може да почне да важи за сите исто, како за оперските пеачи кои упаѓаат во Собрание така и за тие што крадат ќебапчиња, како за обичните луѓе така и за пратениците кои се соизвршители на кривични дела. Тоа е навистина страшно тероризирачки за нив бидејќи тоа значи дека правдата и нив ќе ги стигне, и тоа брзо ќе ги стигне.

Јас ја разбирам нивната загриженост, но вака изгледа владеењето на правото за кое долго се боревме, вака изгледа држава во која законите се почитуваат. И имам лоша вест за загрижените: ова е само почеток! Има и многу други дела за кои многу загрижени ќе треба да одговараат. Правдата мора да се воспостави и овој процес веќе започнал.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.