Валентина Крупа е единствената Mакедонка која беше во Египет од кога започнаа масовните крвопролевања и беше прогласена вонредна состојба. Таа вчера се врати од Египет и ексклузивно за НОВА раскажува што се случувало по улиците на Хургада.
Воена атмосфера, претресување на туристите од страна на армијата и полицијата, страв и штама по улиците ова е дел од атмосферата во ова туристичко место. Во хотелот каде што била сместена биле прекинати интернет врските, а мобилниот телефон и бил блокиран.
-Ниту од туристичката агенција, ниту било кој од Македонија не ми се јави да ме праша дали ми треба помош. Доколку се случеше Муслимаското братсво да упаднат во хотелот, не верувам дека некој ќе ми помогнеше, ќе бев оставена самата да се снаоѓам, вели револтирано Валентина Крупа.
НОВА објавува и ексклузивни снимки од Хургада од кои се гледа како додека туристите пливаат во хотелските базени, надвор се случува вистинска војна.