Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмногу места за рамковни вработувања во МВР, УЈП и Царина

1
By Соња Петрушевска on March 28, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 28, 2018 16:53

Најголем број од административците кои биле  вработени од 2008 до 2015 година од Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор и кои не доаѓале на работа, а земале плата, ќе добијат понуда да се вработат во Министерството за внатрешни работи каде што се планирани да заминат 50 лица. 39 лица ќе добијат шанса да работат во Управата за јавни приходи, 30 во Царината, во Клиничката болница во Тетово 28, во Управата за водење на матични книги и во Јaвното обвинителство по 26 лица. Во Министерството за надворешни работи ќе бидат вработени 19, во Министерството за образование 17, во Министерството за финансии 16, во Министерството за животна средина 11.

Во Генералниот секретаријат на Владата ќе се вработат 5 лица, во Службата за општи и заеднички работи 3 лица и во ЕЛЕМ – 5.

Околу 20 лица ќе се вработат во меѓуопштинските центри за социјални работи во Гостивар, Скопје, Тетово, а дел  ќе најдат работа во скопските клиники – Нефрологија, Неврологија, Психијатрија, Радиологија, Кардиологија, Клиника за очни болести, за уво нос и грло ќе примат од еден до тројца административци.

Засега е најдено работно место за 958 лица, од  вкупно 1600 административци . Тие  ќе можат да почнат со работа за два месеци. Ако два пати ги одбијат понудите за новите работни места, ќе добијат отказ вели министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

„Доколку овие лица одбијат да бидат распределени на работните места предвидени за нив посред споменатите критериуми, ќе бидат префрлени на трансфер листата на МИОА. Во моментот кога ќе бидат побарани за превземање, имаат обврска да ја прифатат понудата. Доколку повторно одбијат, со нив договорот ќе биде раскинат“, рече Манчевски.

Манчевски вели дека при распределбата на овие лица се водело сметка за потребите на институцијата и професионалните квалификации на вработените.

За прераспределбата на административците вработени по рамковен договор, нема да има  нови трошоци од буџетот, вели Манчевски. Наместо платата да ја добиваат од  Секретаријатот за Рамковниот договор како што било досега, ќе бидат исплатувани од од институциите каде што ќе бидат распределени.

 

 

вработувања Манчевски Рамковен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.