Варшава: Во масовен сајбер напад во Полска се украдени и компромитирани електронските здравствени досиеја и медицинските податоци на речиси 19 милиони жители, соопшти полскиот министер за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски, пренесе ТРТ.
Гавковски сајбер нападот го нарече „без преседан“, дополнувајќи дека бил насочен кон голема платформа која обезбедува доверливи медицински податоци што ги користат лекарите и клиниките.
Како што потврди и самата компанија, украдени се 19 милиони записи, кои содржат различни видови податоци што можат да се поврзат меѓусебно, рече Гавковски.
Тој истакна дека службите за сајбер безбедност интензивно работат на утврдување на начинот на кој се случил инцидентот и дека Владата презема сите мерки за заштита на информациите поврзани со овој случај.
Гавковски повтори дека во моментов нема индикации оти податоците биле украдени како резултат на напад организиран или извршен од друга земја.
Никој нема да преговара со никого. Никој нема да попушти пред каква било уцена, порача полскиот министер за дигитални прашања.




