Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ССНМ повикува на протест: Новинарството не смее да биде слабо платено

1
By Нова ТВ on April 30, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 30, 2018 11:38

По повод Меѓународниот ден на трудот, во знак на почит на загинатите во Чикаго во 1886 година во  штрајкот за осумчасовното работно време, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикува новинарите на Првомајски протест, со кој бара под итно да запре игнорирањето на проблемот на работните услови на новинарите и медиумските работници.

„Опсесијата на менаџментите за намалување на трошоците и максимализација на продуктивноста доведе до мултитаскинг во континуиран 24 часовен стрес, продавање на текстови под секоја цена, зголемување на здравствени проблеми поради работните услови меѓу кои е и комплетна исцрпеност. Оваа состојба која е секојдневие за многу македонски новинари и медиумски работници се одразува не само врз квалитетот на нивната работа и мотивација, туку е видлива и во општеството кое се помалку им верува на сториите произведени под притисок и се помалку и верува на професијата која веќе стана синоним за слабо платена и лесно коруптивна“, велат од ССНМ.

Од ССНМ потенцираат дека македонските новинари и медиумски работници се платени под државниот просек, трендот на несигурната, прекарна работа е во постојан пораст, не се инвестира во работната сила, а менаџерите, велат тие, воопшто и немаат проблем да говорат за медиумите само како за бизнис заборавајќи ја општествената улога и одговорност што ја имаат.

„Таа комоција на сопствениците на медиумите произлегува од игнорирањето на проблемот на работните и професионални услови кои владеат во редакциите од страна на власта поради што ССНМ одговорноста ја лоцира – таму, во институциите на системот кои се должни да обезбедат атмосфера која ќе поттикнува социјален дијалог и решавање на прашањето за работните услови кои веќе неколку години по ред се апострофирани во сите извештаи за слободата на медиумите во Македонија.

Степенот на слободата не се мери со бројот на медиумите, туку со уредувачката независност, кредибилитет и интегритет на новинарството кое во нив се практикува. А таа не е можна со слабо платени и исплашени новинари и медиумски работници. Обесхрабрени за борба за сопствените права тие нема да нема да можат да бидат гласот на обесправените и чувар на демократијата, а току во тоа се огледа степенот на слободата и демократскиот капацитет на едно општество

Затоа, ги поттикнуваме и охрабруваме сопствениците на медиумите и претставниците на Владата одговорни за овој проблем, да се свртат кон обезбедување услови за потпишување на колективни договори и на ниво на гранка и на ниво на работодавачи со ССНМ“, соопштува Синдикатот.

Инаку, ССНМ годинава повторно е дел од Повелбата за солидарност, заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ),
Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС), Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) и Независниот академски синдикат (НАкС). Со заедничкиот протест се одбележува 110 години синдикализам во Македонија.

Првомајскиот протест започнува ов 13 часот од скопскиот плоштад Карпошово востание (Филип Втори), а потоа се маршира до Собрание и Влада.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.