Од 1979 година кога првпат беа организирани избори за Европскиот парламент до денеска немало неизвесности и се беше лесно предвидливо. Европската народна партија и Социјалистите комотно владееа со секогаш извесната поддршка од помалубројните Либерали и Зелени за сите проевропски полтики кои требаа да бидат аминувани од Европскиот парламент. Малиот број на по некој екстремен десничар или левичар беа само декор за демократскиот амбиент на оваа европска инстутуција.
Леснотијата со која владеаа големите проевропски партии е можеби и една од причините поради која ЕУ кон крајот на првата декада од новиот век почна да шлајфува во место копајќи дупка во која се уште тоне. Како резултат на овој лет во место во изминатите 10 години почнаа да се јавуваат се повеќе политички партии и секоја понова одеше се подалеку лево или десно од центарот. Нивната бројка се зголемуваше паралено со порастот на популарноста на нивната демагошка реторика во која граѓаните на ЕУ во недостиг на вистински одговори започнаа да градаат илузии дека новите момци можеби и имаат некаков одговор на растечките проблеми и драстичниот пад на квалитетот на животот.
Сега кога дојде моменот на вистината во очи на овој десети по ред изборен циклус, стана јасно дека есктремната десница, левица, евроскептиците и популистите од сите бои во голем број чекаат пред вратата на ЕП за да ги заземат нивните места кои ќе им овозможат да ги институционализираат нивните идеологии кои се антипод на оние кои го создадоа најмоќниот и најуспешен сојуз во историјата на човештвото.
Според сите прогнози екстремистите ќе освојат добра третина од местата во ЕП што ќе биде забележано како нивни најголем успех или како најголем пораз на проевсропските партии во историјата на европските интеграциски процеси.
Овој голем наплив на екстремистите и евроскептиците кои одвнатре ќе се обидат да ја растурат веќе разнишаната европска конструкција неспорно ќе има свои рефлексии и во процесот на проширувањето во кои Балканот ја гледа својата шанса за излез од повеќе децениските кризи. Доколку се остварат прогнозите за успех на екстремните партии тоа ќе биде јасна илустрација на расположението на граѓаните на земјите членки за тоа дека приемот на нови членки на ЕУ не се добродојдени што секако ќе се одрази и врз полтиката која ќе ја води новиот состав на Европската комисија.
Досега гласаа Британците и Холанѓаните. Од Холандија дојдоа добри вести бидејќи наспроти сите прогнози дека естремната десница ќе освои најмногу гласови се случи изненадување и на прво место избија Социјалистите на актуелниот потпетседател на Европската комисија Франк Тиндеманс кој патем е кандидат на Европските Социјалисти за претседател на Европската комисија. Ова е добра вест за сите нас кој гледаме надеж во ЕУ затоа што проевропските сили во Холандија ги победија екстрмистите и воедно ја зајакнаа шансата на Холанѓанецот Тиндеманс да го наследи Јункер. Евроентузијазмот на Тиндеманс секако дека ќе биде од големо значење за тоа со каква динамика ќе се развива понатаму процесот на проширувањето. Па сепак наивно би било да се каже дека резултатот во Холандија ќе се повтори насекаде низ Европа. Лоша вест за иднината на проширувањето е успехот на популистот Најџел Фараж кој стои зад авантурата наречена Брегзит. Изборниот резултат илустрираше една збунета Велика Британија која како таква го губи кредибилитетот во европските интеграциски процеси, а ние на Балканот со тоа го губиме најголемиот и најефикасен спонзор на интеграцијата на Западиот Балкан во ЕУ.
Лошо стојат работите и во Франција каде што големот европски залет на Макрон започнат пред две години со неговиот избор за претседател сега се соочува со пораз од екстремистичката десничарска партија на Мари Ле Пен која според прогнозите ќе го освои првото место. Макрон е уплашен и овие последни денови од кампањата не бира начини да го спаси својот кредибилитет користејќи често реторика која не доликува на она за што тој се залага само за да им се додвори на дезориентиранте гласачи. Поразот на Макрон по само две години од неговиот претседателски мандат секако ќе биде лоша вест за европските перспективи на Балканот. Екстремните партии и популистите водат и во Италија и Полска и Унгарија.
Доколку конечните резултати ги потврдат прогнозите Европската народна партија, Социјалистите со помош на Зелените и Либералите ќе успеаат да задржат двотретинско мнозинство, но успехот на есктремните со една третина од 751 место во ЕП неизбежно ќе се одрази во полтиките кои ќе ги спроведуваат новите состави на европските институции.
Резултатите од овој десетти по ред изборен процес во ЕУ ќе бидат познати во недела навечер.