На автопатот Белград – Шид, кој е дел од правецот Загреб-Белград кај Шимановце се случиле два верижни судари меѓу 36 возила. Во сударите загинале двелица, а 30 се повредени, меѓи кои и три деца, јавува B92.
Првиот судар се случил на околу два километри пред наплатната рампа кај Шимановци, додека втората несреќа се случила на 200 метри од Печинац. Сообраќајот во тој реон е пренасочен преку Рума.
Очевидци сметаат дека причина за несреќата е најверојатно невнимание на возачите поради густата магла на овој дел од патот.