НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пречесната Мајка и Подгрбавениот Носач на Луј Витон чанти

0
By Биљана Секуловска on February 15, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во целата таа лакрдија на случајот Рекет, во исто време и ништо, и се е јасно од самиот почеток, така како што само може да изгледа и крајот.

Досега видовме една цела бркотница и гротескна претстава- некои се стромоглаво пропаднати ликови, други одамна сомнителни и докажано криминогени типови – Орце Камчев, Боки 13, Катица Јанева, Зоки Кичевскиот, за да следи понатаму и името на Фросина Ременски, па потоа да протрчаат и мајки и татковци накитени во бунди и Гучи топлинки, фатални жени и вистински љубови, којзнае се што нема во тој подземен арсенал.

Она што особено е неверојатно е фактот што сите овие, имаат некакви несоборливи докази, како што велат, за еден против друг, за еден против сите и обратно. Како веќе што раскажуваат, врескајќи и тонејќи се посигурно во сопствената темнина која ја граделе со гласно, перверзно уживање.

Така и може само да функционираат таквите судбини, како најдобрите примероци од тој вид: секој секому да му стане Пречесна Мајка, Животен Ментор, Промискуитетен Љубовник, Најдобра Другарка која за потребите на квизовите не знае она што сите знаат- како сите тие, вклучувајќи ја и неа- заработуваат пари, Подгрбавен Носач на Луј Витон чанти, Рачен бројач на ситни евра, Уважена Екселенција од Господин Човек, Помалку Уважен Слуга, Ладнокрвен Егзекутор, со средно име- роб, за крај.

Во основа, сите тие, или дел од нив, ќе се види во пресудата, јуришале како канализациски стаорци низ животот, кој наликува дури и денес на класично подземје, од кое не можат да се ослободат, затоа што се патолошки врзани за лепливите ходници и реата на парите, макар доаѓала и од смрдените извори на таа нивна дупка од живот без крај.

Но, погледнете ги- тие се особено горди на постигнатите отвори кои сами ги откопувале од таа канализација, сметајќи дека никој и не забележал што се сториле и на што се биле подготвени.

Во исто време, тие се длабоко навредени од можноста да бидат вкалупени во таа криминална  дефиниција и само како такви запаметени, верувајќи наивно дека историјата ги лулка само оние со интегритет, чесност и добри манири. Така тие низ децениите биле принудени да  се накитуваат и трупаат со медали исковани од сопствените раце.

Ставајќи маски на гнила буржоазија, за да не се почувствува реата на моралниот пад, овој остаток на груевизмот не значи дека е и последниот. Секој крај во оваа земја е и нов почеток, се додека не се истреби и последниот изданок, но потоа, следува нов ден- се додека и тој не изрти и даде нов плод, смрдлив и гнил, но со бескрајно длабоки корени. За жал, така изгледале сите борби за градење на држави, а така изгледа и нашата- зарем може поинаку?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.