НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тогаш кога Филипче се налути

0
By Биљана Секуловска on April 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Конечно, и Венко Филипче се налути. Неговото обраќање кон јавноста на Твитер е само со две реченици: “Се чудам со каква леснотија Христијан  Мицковски ја лаже јавноста дека сме имале тестови за само еден ден. Џабе се бориме против лажни и неточни вести, ако претседателот на најголемата опозициска партија свесно лаже и креира паника меѓу граѓаните”.

Иако, Филипче мора да го разбере и Мицковски, на крајот на денот; како и сите ние, конечно.

Барем малку, барем за миг да застане  и да помисли низ што се моравме заедно да поминеме- ние и тој, заради Мицковски, заради неговата партија, повеќе од една деценија.

Колкава е таа тежина што Мицковски ја носи во себе со леснотија, се додека не ни ја префрли нам, да не натовари, не згрбавува, не снеможува таа тежина што одамна ни е смачена и неиздржлива.

Борбата на овој човек, на Мицковски, не е лесна, особено што сиот овој период тој останува осамен борец за некогаш и да биде прифатен како вистински, автентичен лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Неговата главна борба, задача уште од самиот почеток, уште кога дојде на чело на партијата на Груевски беше само една- да се продолжи онаму каде што застана самиот негов претходник.

Тоа беше најлесната борба за него, благодарејќи на неговата политичка диоптрија- да се слави триумфално груевизмот, да се запамти, за никогаш да не се заборави. Или можеби да се заборави?

Да се заборават оние 600 милиони евра, или 700 милиони евра беа, да, тоа е скоро милијарда евра кои беа трошени, распарчувани и разделувани со иззживување, класичен криминал кој досега не е казнет, во комбинација со културен  геноцид и фалсификат на историјата на сите нас.

Скоро милијарда евра за криминални споменици, триумфални капии, барокни згради, пластични фасади, обични ќепеци кои ако ги дувнете ќе се срушат.

Сега кога ги читате повиците на граѓаните, сега и не е доцна за да се праша Мицковски:” Знаете што е идиотизам? Да потрошиш 700 милиони евра на споменици и да прашуваш зошто немаме респиратори”.

Зошто немаме доктори во земјава, зошто немаме медицински работници, зошто сите избегаа од Македонија, од Груевски, од пустошот кој го направи груевизмот, зошто немаме добро опремени болници, зошто имаме очај во очите на луѓето.

И не само да се праша Мицковски. Тоа не е доволно. Од Мицковски треба и да се бара одговор. Секој ден, да се прашува и секој ден да се оди по одговор кај него.

Тоа може да биде и Филипче, или Заев, се разбира, тие можат исто така да го прашуваат, секако. Но, тоа ни е и задача нам, можеби пред се нам. Затоа што, за нас се работи.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.