Историјата на Украина дава дел од објаснувањето на денешната криза во оваа земја. Самото име на Украина всушност може да се преведе како “граница” која отсекогаш била цел на влијанието на своите соседи.
Бранот насилства кој ја потресе Украина доведе до разрешување на дотогашниот претседател Виктор Јанукович. Во оваа земја која е во тешка економска криза оваа мобилизација открива до која мерка нејзините граѓани се лути и незадоволни поради авторитетниот начин на раководење на земјата. Но истовремено таа е симбол на поделбата на населението на оваа земја каде што еден дел се свртен кон Русија а другиот кон Европа.
Самото име на Украина всушност значи “граница” бидејќи отсекогаш била под влијание на своите соседи. Украина има 44,6 милиони жители кои зборуваат украински и руски.
Иако многу слушаме и читаме за оваа внатрешна поделба на Украина, таа има и свое историско објаснување кое не е ништо поедноставно од мачната историја која ние на Балканот ја познаваме.
Во текот на историјата украинската територија била редовно под влијание на надворешни сили и тоа поделена повеќе или помалку според течението на реката Дњепар. Западниот дел бил под влијание е на Полска, Литванија и австро-унгарското царство. Ова влијание ја има укотвено Украина кон европскиот дел на континентот. На истокот на Дњепар влијанието отсекогаш било руско. Оваа географска позиција преку Црното Море и давала на Русија излез кон потоплите мориња. Подоцна, во текот на 18 век Русија го шири своето влијание кон најголемиот дел на западниот дел на Украина.
Украинската територијална еволуција во 20 век, во жолто се полските територии дадени на Украина во 1939 година
Во 1917 година, при распадот на руското царство, Украина, во текот на кус период, ја прогласува својата независност под името Народна Република Украина. Пет години подоцна, во 1922 година, таа е вклучена во Советскиот Сојуза како Социјалистичка Советска Република Украина.
Насилната колективизација и репресијата на режимот на Сталин кулминираат со големата кризата на гладот во 1932 – 33 година кој однесува 6 милиони жртви. Најголемиот дел на жртвите се во западниот дел на земјата.
Неколку години подоцна, за време на Втората светска војна помеѓу 1939 – 1945 година, Украина се случува голема екстреминација на Холокаустот и место на големи крвави битки каде што животот го губат 8 милиони луѓе. Овие две трагедии се се уште дел од колективната меморија на една поделена земја.
Украина 1942 година. Стрелање на една жена и нејзиното дете и Евреи кои сами си го копаат својот гроб.
Со текот на времето, за време на советскиот период, Украина ја добива територијата која ја има и денес. Во 1991 година, по падот на СССР, Украина повторно станува независна иако во текот на долги години таа останува под руско влијание.
Работите се менуваат во 2004 година по изборот, оценет како недемократски, на Виктор Јанукович за претседател, портокаловаа револуција што ја водат Виктор Јушченко и Јулија Тимошенко, ги донесуваат на власт. Тие се познати како либерална и прозападна власт. Во текот на нови избори Украина е поделена на запад и исток. На запад победуваат прозадните сили и на исток проруските.
Во периодот што следи Украина се доближува до ЕУ но поделбата останува сосема јасна и тоа на повеќе нивоа.
На културен план Москва го смета Киев за своја прва престолнина во текот на Средниот век помеѓу 9 и 13 век. Оттука денес 17 отсто од населението на Украина е со руско потекло а ориенталниот дел на земјата е русофонски.
На стратешки план, Украина е значајно место на руската армија, особено Крим кој има идеална позиција на Црното Море. Во пристаништето на Севастопол, русофонски град, Русија има голема морска база договорена помеѓу Моска и Киев.
Празник на руската морнарица во Себастопол
Конечно, не смее да се заборави енергетската ситуација на Украина која ја ограничува автономијата на земјата. Околу 58 отсто од гасот на Украина доаѓа од Русија. Москва ја користи оваа ситуација како во 2006 и 2009 година кога Русија го затвара пристапот на Украина до гасоводот.
Во 2010 година Виктор Јанукович се враќа на власт во земјата која е осиромашена и во економска и финансиска криза особено поради големите фактури за гас и корупцијата која владее во земјата. Иако ослабната, Украина и понатаму е цел на влијанието на нејзините соседи и со нив одржува трговски интереси. Со ЕУ има трговска размена од 37 милијарди евра а со Русија 24 милијарди евра.
ЕУ која е сега директен сосед на Украина по проширувањето во 2004 и 2007 година, сака да ја вклучи земјата во своето “источно партнерство”. Ова партнерство на слободна размена и договор за асоцијација е наменето за повеќе од поранешните советски републики како Белорусија, Грузија, Азербејџан или Молдавија.
Источно партнерство на ЕУ за екс советските републики
Но од другата страна Русија сака ја вклучи Украина во својата царинска унија, нешто што наликува на евро-азиска унија во која би влегле повеќе републики на поранешниот СССР. Русија предлага финансиска помош и намалување на цената на гасот.
Јанукович се обидува да игра со двете страни. Но, во ноември 2013 година тој одлучува да го одбие договорот со ЕУ и да се сврти кон Русија.
Оваа стратегија на власта предизвикува големо незадоволство кај населението. Тогаш почнуваат протестите во Киев кои се радикализираат поради жестокоста на полициските сили. Така протестите се шират во повеќе градови во земјата но пред се во западниот дел.
Во февруари 2014 година доаѓа и до 80 жртви и повеќе стотини ранети. Новата транзициона власт која ги превзема институциите во Киев не е признаена во источниот дел на Украина. Денес главниот предизвик на идната украинска власт е да се избегне поделба на земјата.