НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонско бугарските односи немаат перспектива без интеракција на цивилизациските вредности

0
By НОВА ТВ Balaban on May 25, 2021 КОЛУМНА
Борјан Јановски
Борјан Јановски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наспроти сите можни флоскули со кои не бомбардираат политичарите за тоа колку сме посветени едни на други , ноторен факт е дека бугарско македонските односи се лоши до степен во кој апсолутно се дисквалификува од можноста да го добијат атрибутот добрососедски во контекст на европскиот дух на разбирањето на тој поим. И тука нема нема ништо чудно ако се земе во предвид фактот дека тонот на  актуелната комуникација меѓу двете општества го неметнуваат  воглавно ликови како Каракачанов или Миленко и бот армијата на еден жител на Будимпешта. И да нема недоразбирања споменатите погоре едноставно си најдоа празно игралиште за нивната -игра- што пак е јасна индиција за отсуство на било каква креативност и инвентивноност на институциите од двете страни на границата кога станува збор за тоа политичките фрази да се конвертираат во една нова реалност која навистина ќе значи квалитет на меѓусебна комуникација кој има капацитет да го неутрализира актуелниот негативен набој и да создаде простор во кој барем меѓусебно за почеток ќе се слушнеме што мислиме. Во Бугарија како и кај нас сепак имаме групи или поединци кои се навистина заинтересирани за соработка но во овој амбиент кога будалите кршат чаши и маси по кафаната едноставно не сакаат да се доведат во било каква корелација со нешто што е под секаква цивилизациска доблест и елементарно домашно воспитување.

Помислете на пример што и колку знаеме за случувањата на културната сцена во Бугарија или пак колку тие знаат за нашите ѕвездени мигови во различните области на културата и уметноста. Гледав прекрасен бугарски филм на една мошне актуелна универзална тема за жал на странски канал бидејќи на нашите сигурно нема празен термин-сите се пополнети со, не само лошите, туку по мое длабоко убедување и штетни турски серии. Моите пријатели во Софија со кои се обидувам да одржам контакт и во ова време-невреме го имаат истиот впечаток во обратна насока. Не слушнале за нашиот Ѓорчев и неговиот -Исцелител – или за Борјан Зафировски и неговиот -Ефект на среќата – Ова се само примери кои од прва ми паѓаат на ум без амбиција да го правам недогледно долгиот список на меѓусебното непознавање.

Ова се ситуации кои нема ниту пак може да ги поправи било кој меѓународен фактор без разлика на неговиот габарит. Министрите и дипломатите од двете страни на границата треба да си ја разберат својата позиција на civil servant ( слуги на граѓаните ) како што тоа многу пластично го лоцирала една стара демократија каква што е Британската. Институциите тешко може да се очекува дека ќе дојдат до решение во едни вакви сложени констелации особено имајќи го во предвид фактот што за нив императивот се изборните циклуси кои вртат како на фабричка лента. Токму затоа тие, институциите,  треба што поскоро да ги избркаат од игралиштето -дивите- и теренот да им го препуштат на креативците кои се желни за нови видици и создавање на нови вредности.

Само и само во момент кога ќе се создаде елементарно култивирана средина која ќе овозможи меѓусебно запознавање на едните со другите може да се надеваме на дијалог чиј исход ќе бидат некакви креативни решенија во кои двете страни себе си ќе се пронајдат како победници. Се друго е банална флоскула од која ни се темни на сите нормални како кај нас така и кај нив. Конечно еве да замисли ситуација во која некој – ќе им ја свитка раката на Бугарите- како што многумина за жал си замислуваат, тоа нам не ни ја носи Европа дома бидејќи Европа разбрана како систем на вредности едноставно не вирее во окруженија во која атавизмите го имаат главниот збор. Едноставно на еден простор нема место за вакви антиподови.

Автор: Борјан Јовановски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.