Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција Васил Серјовски, како учесник на настаните кои се одржуваат во општина Пустец го честиташе Денот на македонската азбука и 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.
„Ова година одбележуваме 77 години од донесувањето на решението за утврдување на македонската азбука со 31 буква. Во исто време одбележуваме и 100 години од раѓањето на Блаже Конески, кој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност“, рече Стерјовски.
Тој му се заблагодари на македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски за неговата иницијатива за одбележување на Денот на македонската азбука и 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески во Пустец и искажа надеж дека ова манифестација ќе прерасне во традиција во Албанија.
„Ова година одбележуваме и 77 години од непрекината настава на мајчин македонски јазик во Преспа, општина Пустец. Како ученик којшто до средно образование се образував на подрачјето на Преспа и завршив гимназија во ова училиште, сакам да им се заблагодарам на сите учители на подрачјето на Преспа за нивниот придонес во развојот на образованието во Преспа и во развојот на настава на мајчин македонски јазик“ нагласи тој.
Како Македонци во Албанија, додаде, благодарни сме на Албанија која што не признава како Македонци и имаме право да го изучуваме мајчиниот македонски јазик во образовниот процес.
Вчера и денес во општина Пустец се одржуваат низа настани посветени на Денот на македонската азбука и 100-годишнината од раѓањето на великанот Конески, во органзација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, амбасадата и културно информативниот центар во Тирана, во соработка со општина Пустец, друштвата на Македонците во Албанија и пратеникот во албанскиот Парламент, Васил Стерјоски.