Пишува: Аделина Марку
И најавата за боди камери за да се снима работата на јавната администрација, но и дискурсот на премиерот Заев дека корумпираниот трет ешалон на јавната администрација е токму тој што треба да се стигматизира како лесно злоупотреблив – не се случајни, нели. Секако дека нема да се потрудам да ги декодирам сомнежите или пак убедувањата на премиерот Заев, бидејќи не умеам со дебелата површност на лошиот или добриот брокер на еден политичар, но затоа имам свое мислење.
По мое, во прашање е соочувањето со одолговлечениот системски проблем на/со/во јавната администрација кај нас. Или без тривијалитетни објаснувања – ова би значело соочување со стравот од неуспешните обиди на владите за истата да се реформира. Господе Боже, чувството на вина што би ми го создал овој страв од неуспех , ценам би ме терала во тешка депресија! Мојот лидершип, под дејство на кроинизирана вина, би делувал од типот анксиозен лидершип. И секако, „мора да си малце луд/а , малце храбар/ра, малце паметен/на за да водиш!’’ (a leadership quote).
Јас сум дел од јавната администрација повеќе од една декада и би рекла дека ние не сме најсреќниот апаратус бидејќи ние сме најтивкиот и затоа најлесно совладуваниот елемент во општеството! Ко да постојат три типа на административна тишина кај нас, едната што создава нихилизам , другата што создава плитка и затоа медиокритетна надеж за допадливост од страна на надлежниот, третата верува во апаратусот и чесно очекува легитимитет (овој третиот често го чита Бекет и Годо)!
Опскурно гледиште ова, но нема место за паника. Системот функционира, но со липање. Секако не сме единствените во регионот што патиме од вакво автоимуно липање од монденска сорта дури (ми се допадна ова …). Велам автоимуно липање, бидејќи рециклираме незадоволство до степен на обилност, притоа грчевито стоиме пред разни влади. Ох, понекогаш е многу здодевно кога има избори, барем кај дел од нас што сме под сенка. Ценам ја знаете изреката „ништо не расте под сенката на дабот“.
Некој од нас љуби да ги чита големите руски класици во овој период. Нејсе… Спомнав таму горе монденска сорта, оваа е таа што популарно сме ја препознале како општоприфатен сегмент: дел -партизирана администарција. Нè има и такви меѓу нас, во сите можни слоеви и ешалони. И тоа како. Јас повеќе би се загрижила за други работи поврзани со животот на јавната администрација. На пример за едни исти дејствиа што се движат и вршат влијание по некоја (веќе) исчитана психолошка линија на дејствување во целокупниот апаратус на јавната администрација. Такви што изникнуваат токму од првите ешалони – сличен на плачот на едно приновче, со секоја нова влада, а?
Пример? – Ох да, не знам за вас почитуван читателу/почитувана читателке колку ви се познати едни два кода, но ние од јавната администрација ги знаеме напамет. Тие кодови се вид алатки, вид симптоми и тоа многу опасни за животот на јавната админитрација кои истовремено моделират архетип на лидерство со акутно-хронични симптоми и си се саморециклираат „Again and аgain and bloody again“.
Едниот се вика Систематизација во институцијата, другиот се вика Менување на закони и правилници. Секој нов лидер на една државна институција ќе зачекори внатре со истите алатки, ко да се тие постапки на едноклеточни близнаци и ко да се под дејствие на совршено сликовита митоза. Какви фантастично слични табиети на сите влади, а? – На пример, реформата значи да се намалува или да се стеснува јавната администрација, реформата чека истата да стане ефективна, реформата чека истата да стане радосна, реформата чека истата да се професионализира, реформата чека истата да се поврзува , реформата чека да се сочува хардверот и да се изгради софтверот. Но, напротив, се случува МЕМЕНТО! И затоа, добиваме излив на форми на корупција, сакаш лобирање, поткуп, изнудување, хронизам, непотизам, парохијализам, влијание, сексизам, мобинг и неправда! Малку преостанува од новата доктрина на владеењето.
Таа брзо се субституира со догматски решениа на владите, тие брзите што ги спомнав погоре, систематизацијата на работните места и промена на законите и правилниците. Секако дека ова станува досадно очекување за реформа еден ден и си се наоѓаш себеси вдлабнат/а во „Dolce far niente“.
Сум заклучила дека државната администрацијата е чуден организам, очекувањата да истата стане совршен управувачки апаратус е непостоечки идеал, уште повеќе истата не може да понуди додадени вредности на општеството во услови каде се рециклираат истите стилови на менаџмент, а во недостатокот на систем на вредности. Сум научила дека континуитетот е нитката што го спојува развојот и дека кога тој се нарушува или не се почитува. Телото на јавната администрација станува кревко и затоа лесно злоупотребливо. Но, на мислење сум дека не треба да стане политички идеал менаџирањето/справувањето со лошиот феномен во јавната администрација ( во случајов стигматизирана под корупција), бидејќи идеалите беа столбовите или гаранциите на развојот, нели.
Притоа, политички идеал навистина треба да остане менаџирањето со реформите на начин што што нема да ја дозволува единственоста/ексклузивноста за манифактурирање на систематизации и нови закони и правилници туку, како да се поврзува системот на вредности во државниот апаратус. Континуитетот што ги поврзува вредностите, би бил добриот модел на водство. Еднаш сум споменала дека тешко е да се очекува администрацијата да додаде вистински вредности во општеството кога нема простор за колективно чувство за управување. Затоа ние продолжуваме со самолагата дека ја реформираме јавната администарција.
Три елементи би преостанале вивидни за поврзување: 1. Бизнисот што бара ултимативна социјална стабилност, 2. Културата и уметноста на кои им е потребен ред за да создадат, 3. Интелектуалноста во нас што ќе ја катализира свеста? За да не остануваме заложници на ПР здодевниот дискурс, дај да се самопрашаме до каде сме со овие вредности за да престанаме да се срамиме од перцепцијата за корумпирано општество. И како што впрочем вели Макијавели, тој што знае да биде послушен мора да знае да наредува, време е да се нафатиме вистински со кауза и добро водство на/во/со јавната админитрација и да престанеме да политизираме со истата.