Папата Францис и британската кралица Елизабета II денеска за првпат се сретнаа во Рим. Во придружба на сопругот, принцот Филип, Елизабета II престојува во еднодневна посета на Италија на покана од претседателот Џорџо Наполитано.
Папата, поглавар на Римокатоличката црква и 87-годишната кралица, врховен поглавар на Англиската црква се среќаваат прв пат, а Елизабета II веќе има остварено средби со претходни поглавари.
Ова е седма средба на кралицата со еден бискуп, а петти различен папа кој таа го запознава. Претходно, таа беше домаќин на Јован Павле II и Бенедикт XVI.
Инаку, првата средба со еден папа, кралицата ја има остварено во 1951 година, со папата Пиус.
Видео: CBS