НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Златко Ориѓански: Треба да ги разбиеме предрасудите во нашите односи со Албанија

0
By Ivana on October 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорот на Културниот центар на Македонија во Р. Албанија, Златко Ориѓански во интервју за НОВА зборува за култуно општествените односи меѓу Македонија и Албанија.

– Колку во Албанија знаат за Македонија и колку ние тука во Македонија знаеме што е Албанија?

Десет месеци живеам во Тирана и мојот заклучок е дека воопшто не се познаваме, не ја знаеме историјата, културата и поврзаноста  на двете земји. Имам впечаток дека не си го познаваме менталитетот, начинот на живот, та дури и климата, храната, музиката. Малкумина знаат дека во едно училиште во Тирана, уште далечната 1840 предаваше Григор Прличев, на пример, или дека постоеше воз од Охрид до Драч, за време Отоманската империја

-Колку се живи и како влијаат предрасудите и стереотипите од едно минато време во актулените односи мегу двете општества ?

Тирана е отворен, светски град. Тиранчаните немаат предрасуди кон други народи, јазици, вери и култури. Овде живее, исклучително образуван свет, расположен за соработка. Каде и да појдам, независно дали се институции или обични граѓани, секаде сум пречекан топло и срдечно. Честопати се случува во една недела, да запознаам триесетина луѓе од разни сфери, сликари, писатели, министри, бизнисмени, композитори, писатели. Сите имаат некоја голема страст, да се направи нешто добро и убаво, нешто светско. Мислам дека поголем проблем има македонското затворено општество. Ние се уште светот го разбираме во некој комунистичко социјалистички слики и начини на работа и мислење. Овие луѓе се свртени кон Италија, Европа, од таму купуваат многу позитивни примери како треба нештата да бидат поставени и направени.

-Многумина граѓани на Македонија во изминатите две години за време на кризата ја посетија Албанија за време на годишните одмори. Социјалните мрежи беа преплавени од “инзнанадувања ” за напредокот на Албанија..од друга страна нашите сограѓану Албанци на овие “изненадувања” реагираа со критики на сметка на Македонците..Како ти звучи тебе оваа полемика од твојата актурелна позиција?

Таквите полемики доаѓаат, токму од тоа наше непознавање на оваа земја и нејзината историја и култура. Една од мојте задачи овде е токму тоа, разбивањето на предрасудите и сликите создадени од минатото. Факт е дека ние сме многу далеку едни од други. Македонците и Албанците од  Македонија имаат создадено некој наш заеднички менталитет, кој е тотално различен од албанскиот менталитет и живот овде во Албанија, меѓутоа, денес е 21 век, работите ќе се отворат до крај и ке се случи тоа наше запознавање и соработка.

-Што е она што недоставува во однсите мегу двете држави а кое ни е потребно за да се запознаеме подобро едните со другите?

Отвореност и ослободување од тој страв, дека некој нешто ќе ни земе. Ова се однесува особено за нас, луѓето од Македонија. Интересно, овде луѓето имаат многу позитивен став кон нашата земја, воопшто во нас не гледаат непријатели, ниту па некој го користи нашето денешно уставно име, Северна Македонија. Ова е Медитеран, времето и животот, течат и се разбираат на сосем поинаков начин. Овде, веројатно заради климата и морето, најголем дел од денот поминуваат надвор. Никој не зборува големи политички теми, повекето се занимаваат дали дента ќе продадат риби, мандарини и маслиново масло. Наутро пијат кафе и по една албанска ракија. Попладне, околу 18.00 часот, сите се излезени надвор на прошетка.

-Албанија на планот на уметноста и културата: филмот, литературата, музиката, сликарството…што пропуштаме од тоа творештво, а што ни е толку блиску географски до нас?

Албанија е жива земја. Таа денес има пет и повеке, светски пеачки, има неверојатно жива музичка сцена, нова литература, сликарство. Луѓето се љубопитни ко деца, полни со страст да се направи нешто ново, добро и убаво. Ние можеме многу нешта да научиме од нив, многу нешта можеме заеднички да направиме. Најпрво, треба да се ослободиме од старите југословенски слики, таа мерка денес не важи и никој не се занимава со неа. Ако подлабоко навлезете во албанската традиционална музика, вие ке видите дека во тој дел, ние зборуваме сосем ист јазик. Дали имаат песни и ора во 7/8 ритам? Безброј.

-Што ти остави впешаток како пример кој би можеле да го искористиме тука за подобрување на некои состојби? и обратно што би можела Албанија да искористи како добар пример од кај нас?

Ако го земеме како пример градот Тирана, ние можеме да научиме како треба да изгледаат нашите кафани, услуга, хигиена, стил, како треба да изгледа нашата модерна архитектура, дизајн, мода. Од нив можеме да преземеме една интересна мешавина од албанско, влашка, еврејско итаљанска работливост и љубезност. Ова е неверојатно вреден народ. Зборуваат еднаш и потоа, прават, времето не го губат во пишување бесмислени писма и муабети.

Албаниjа од нас може да преземе некаква модерност во филм, театар, медицина.

-Колку знаат во Албанија за нас и нашата култура?

Не знаат речиси ништо. Знаат за филмовите Пред дождот и Медена земја, знаат за Унковски, Горан Стефановски, Плевнеш, некој ди џеј и толку.

-Зборувајки за стереоипите и предрасуди..може ли да ни дадеш пример за стереотип кај Албанците во однос на Македонија и обратно?

Голем број од луѓето овде, мислат дека во Македонија, сите зборуваме албански хаха. Кога ке ме прашаат, кој е мојот мајчин јазик и кога ке кажам дека зборуваме на посебен, македонски јазик, љубопитно се изненадени и сакаат да им кажам неколку збора на мојот мајчин јазик, сакаат да знаат кој е тој јазик. Ова, веројатно ви кажува многу нешта. Ова мене ми дава знак, дека морам многу да работам во разни правци, вклучително и овој.

-Корча е извонреден пример на трасформација на еден град. Која е приказната на овој град што во кратко време тако ефикасно се трансформираше од една поскомунистичка паланка во европски урбан простор?

Пред еден месец, за првпат ја посетив Корча, која е магичен град. Добро е прашањето, како за толку кусо време таа се трансформира во европски урбан простор. Луѓето овде, почнувајки од министерката за култура, Елва Маргарити, па се до нивните градоначалници, размислуваат европски и модерно. Неверојатно се образувани, светски размислуваат и прават.

-Што се случува со Тирана? и што е периодов актуелно во тој град од областа на културата што сметаш дека би требало да биде познато за македонската публика?

Тирана е неверојатно убав град, отворен и широк, преполн со цвекиња, зеленило и прекрасни луѓе. Градоначалникот на Тирана, господинот Ерион Велиај е светски човек, прошетан и образуван, преполн со нови идеи. Секој ден е активен, неговиот кабинет изгледа како да сте во некоја бајка во Милано, вози точак наместо автомобил, ја познава сета светска музика. Ние се разбираме со два збора. Невозможно е да одвојам некој настан, затоа што секојдневно има по десетина настани од разни области, филмски фестивали, два jazz фестивала, театарски претстави, сликарски иложби. На пример, ќе ви кажам еден интересен факт, во зградата од владата на Република Албанија, има направено изложбен простор и библиотека. Вие можете таму да видите фантастични сликари или да влезете во библиотеката и да поминете часови, читајки разно разни нешта, можете да прочитате нова модерна литература па се до дипломатски преписки од изминативе сто години. Како врви времето, Тирана е се повеќе, моја голема љубов.

Борјан Јовановски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.