НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се поизвеснно е дека Јункер ќе го замени Баросо

0
By Светлана Јовановска on May 27, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според резултатите на европските избори, идниот претседател на Европската комисија (ЕК) треба да биде Жан-Клод Јункер, демохристијанин, поранешен луксембуршки премиер. Човекот кој треба да го замени Португалецот Хозе Мануел Баросо кој веќе десет години и на чело на ЕК би требало, според теоријата, да биде од редовите на демохристијаните кои освоија најмногу гласови на изборите.

Но, во пракса, работите можеби и не одат во прилог на демохристијаните кои на овие избори изгубија речиси 60 пратеници. Оваа политичка група ќе има 214 пратеници, потоа следат социјалистите со 189 пратеници, евроскептиците националисти со 104 седишта, либералите со 66 места и зелените со 52 седишта. Есктремната левица има 42 места, европските конзервативни партии имаат 46 а партијата Европа слобода и демократија 38 места.
Иако Јункер и неговата политичка група не го добија очекуваното апсолутно мнозинство за кое се потребни 376 пратеници, тој сепак во неделата вечер изјави дека очекува да биде шеф на европското извршно тело.

Неговите очекувања ги поткрепува Лисабонскиот договор кој за прв пат предвидува дека новиот шеф на ЕК ќе биде избран во редовите на политичката група која освоила најмногу гласови. Овој пат тој човек нема да биде одреден од шефовите на државите и владите на земјите членки на ЕУ како што тоа досега се правеше, зад затворени врати. Во неговиот избор имаат збор и европските гласачи.

Кај социјалистите кандидатот за ова место е Германецот Мартин Шулц а кај либералите кандидат е Белгиецот Ги Верховштад.

Сите тројца, Јункер, Шулц и Верховштад велат дека изборот на шефот на ЕК мора да го почитува гласот на избирачот. Во спротивно, рече Јункер, на следните избори во 2019 година никој повеќе нема да го почитува гласањето. И останатите кандидато на другите партии, како Гркот Алексис Ципрас од левицата и Германката Ска Келер предупредија дека гласовите мораат да се почитуваат и дека ова е вистинска демократизација на ЕУ.

Но, веднаш по гласањето Ангела Меркел рече дека ниту демохристијаните ниту социјалистите немаат доволно гласови за апсолутно мнозинство и според тоа, рече таа – “треба да има дискусија за личностите на кандидатите и за содржината” на политиките што треба да се водат пред се околу компетитивноста на европската економија.

Така, увереноста на Јункер дека ќе биде нов шеф на ЕК засега не е потврдена. Пред ЕУ стојат неколку различни сценарија.

Првото е дека изборот ќе го направат, како и досега, шефовите на држави и влади на ЕУ без да водат сметка за изборниот резултат. Според шпекулациите се слуша името на Кристин Лагард, директорката на ММФ. Но, Мартин Шулц, кој досега беше претседател на ЕП вели дека оваа институција нема да прифати предлог на ново лице кое не учествувало на изборите и дека нема да му даде поддршка како што тоа го бара Лисабонскиот договор.
Втората опција е Јункер чија што политичка група има најмногу гласови и во тој случај со тоа треба да се согласат и останатите политички групи. Доколку не се согласат, досието повторно се враќа кај земјите членки.

И конечно, доколу ЕП не го прифати Јункер како нов претседател на ЕК. Во таков случај најголемите политички групи договорија решение. Според кое Јункер ќе се обиде да создаде коалиција околу неговото именување. Ако тој не успее по него следи социјалистот Шулц и доколку и тој не успее на ред доаѓа Верхофштад.

Сепак, според последните вести кои доаѓаат од неформалната вечера на шефовите на ЕУ во Брисел, Јункер е на најдобар пат да го замени Баросо. Вечерва тој ја доби поддршката на австрискиот премиер иако тој е социјалист. Злобните јазици велат дека Австрија му дава поддршка бидејќи двете земји имаат добра соработка во банкарскиот сектор затоа што заедно сториле многу за промена на законот за тајноста на банкарските сметки но истовремено го сочувале нациналните интереси.

Доколку Јункер стане претседател на ЕК, за Шулц најверојатно ќе биде резервирано местото за потпретседател за економска и монетарна политика.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.