Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

0
By Zoran Ivanov on August 4, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 4, 2025 10:31

Кошаркарскиот натпревар помеѓу македонската и романската репрезентација кој се одигра завчера во Киманово стана уште еден во низата на натпревари преплавени од националистички скандирања и говор на омраза. Уште по скандалозно е што овој пат, антиалбанските скандирања се случуваа во присуство на владина делегација, меѓу кои беа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, кумановскиот градоналачник Максим Димитриевски. и други високи државни претставници.

Скандалозните антиалбански скандирања кој се слушаат на објавеното видео од натпреварот можеа да ги слушнат сите во салата, но се чини дека тие не допреа до високите владини претставници на трибините, меѓу нив и најповиканиот, шефот на МВР, Тошковски.

Апсурдноста на националистичките скандирања е уште поголема ако се знае дека репрезентацијата на Северна Македонија е од мешан етнички состав.

ЛибертасСоцијалдемократскиот сојуз (СДСМ) и Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги осуди навредливите скандирања на навивачите на синоќешниот кошаркарски натпревар во спортската сала во Куманово, на кој присуствуваше и владина делегација.

Од СДСМ сметаат дека говорот на омраза и навредите кон која било етничка заедница е обид да се создаваат поделби меѓу граѓаните, а најчесто тоа се случува пред избори.

„СДСМ апелира до сите граѓани да останат разумни и да не подлегнуваат на провокации и на насилен национализам кој намерно се активира секогаш кога се приближуваат избори. Не е првпат да гледаме како одредени стрктури ја разгоруваат омразата со една цел, да ги поделат граѓаните и да ја пренасочат дебатата од реалните проблеми“, се вели во реакцијата од СДСМ. Оттаму очекуваат иста ваква осуда од премиерот и од владините претставници што биле присустни на настанот.

Според ДУИ, молкот и отсуството на институционална реакција за настанот не може да помине без конкретна политичка одговорност, па затоа бараат оставки од функционери на коалицијата ВЛЕН.

„Бараме непосредна оставка од Астрит Исени, заменик-министер за внатрешни работи и оставка од Сафие Садики Шаини, заменик-министерка за спорт, поради нивниот неуспех да реагираат, да го заштитат јавниот интерес и да адресираат еден тежок инцидент што директно го загрозува меѓуетничкиот соживот и достоинството на албанските граѓани“, се вели во партиското соопштението.

Покрај тоа, бараат и сите претставници на Албанците во Владата што извршуваат клучни финкции да се дистанцираат од овој неприфатлив акт и да ја отворат оваа тема на следната владина седница, со предлог за строги санкции кон одговорните и веднаш да се повлечат од оваа Влада што поттикнува поделби и омраза.

„Извинувањето не е решение. Извинувањето нема вредност кога истиот пристап се повторува во секој сличен случај. Остуство на реакција значи соучесништво“, пишува во реакцијата од ДУИ,

Реакцијата најверојатно е поттикната од задоцнетата реакција на Општина Куманово, кои преку соопштение на Фејсбук, еден ден по напреварот изрази жалење за она што, како што велат, ден подоцна воочиле дека на натпреварот во еден момент од одредени поединци во публиката имало скандирање на неприфатливи пароли со кои се подгрева етничка нетрпеливост во општина која се темели на мултиетнички вредности, како што објавија на Фејсбук, во оваа прилика, Општина Куманово јавно ги осудува ваквите скандирања и се оградува од истите во својство на домаќин на настанот.

Одговорност за навредливите скандирања на натпреварот во Куманово побара потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи кој со Фејсбук пост го осуди скандалозното скандирањето со антиалбански пораки на навивачите на кошаркарскиот натпревар што синоќа се одигра во спортската сала во Куманово.

Според него, отсуството на реакција од самиот премиер и од Владата, пак, испраќа позагрижувачка порака за нормализација на овие трендови.

 

Куманово Мицкоски национализам спорт Трибини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.