Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Черашченко, попладнево изјави дека руските сили влегле во областа Чернобил.
Во борбите можеби е оштетен и објектот за складирање нуклеарен отпад. Тие, додаде Герешченко, влегоа во зоната на Чернобил од територијата на Белорусија, изјави советникот, а јави дописникот на американската телевизија „Ен-Би-Си“, Ричард Енгел.
Советникот додава дека украинската Национална гарда продолжува да ги штити небезбедните радиоактивни извори.
Доколку артилерија ги погоди складишта за нуклеарен отпад, радиоактивната прашина ќе ја покрие цела ЕУ, рече тој.
Еден нуклеарен реактор во централата во Чернобил во 1986 година експлодира и притоа со радиоактивен прав зафати поголем дел од Европа.