НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел денеска на средби со Пендаровски, Ковачевски, Џафери, Османи и Петровска

0
By Sashko on March 14, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: newsbeezer.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жосеп Борел, денеска ќе има средби со претседателот на државата Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со шефот на дипломатијата, Бујар Османи, со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, како и со лидери на парламентарните партии.

Високиот претставник ќе одржи прес-конференција со премиерот Ковачевски со почеток во 12 часот, која ќе се емитува на EbS.

Борел потоа ќе учествува и на настан на кој претставници на граѓанското општество и младинските организации ќе ја претстават својата работа за придонесот на Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа. Настанот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

„Скопје е првата станица од неговата посета на регионот, при што освен Северна Македонија, ќе ги посети и Албанија и Босна и Херцеговина. Посетата на Борел на Западен Балкан ќе ја потврди посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот, исто така, во поглед на руската војна против Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на Европа како целина“, соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава.

Од Скопје, високиот претставник на ЕУ ќе отпатува за Тирана, каде што ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, како и со други претставници на власта и граѓанското општество.

Борел во среда ќе допатува во Сараево, каде што прво ќе ја посети операцијата на ЕУФОР Алтеа, а потоа ќе се сретне со властите на БиХ и со претставници на политички опозициски партии, како и на граѓанското општество. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.