НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вонреден состанок на НАТО: Заштита на украинското небо меѓу точките на дневниот ред

0
By Sashko on March 16, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска ќе одржат вонреден состанок во Брисел, a на дневен ред е засилувањето на НАТО на истокот, можна мировна мисија, и заштитата на украинското небо, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Овој нов вонреден состанок на земјите членки на НАТО ќе започне со седница на која ќе учествуваат и министрите за одбрана на Украина, на Грузија, на Шведска и на Финска, по што 30-те земји членки ќе разговараат за најголемите предизвици со кои се соочува Алијанса по три недели од почетокот на руската инвазија на Украина.

Велика Британија порача дека денеска ќе се разговара за полскиот предлог за испраќање на меѓународна мировна мисија во Украина, но дека претходно треба да се соберат сите детали за овој предлог. Естонскиот министер за одбрана не ја исклучи оваа опција, но нагласи дека за тоа ќе биде потребно зелено светло од Советот за безбедност на Обединетите Нации. Други земји членки, сепак, сметаат дека е рано за ваква мисија и дека е прво потребен прекин на огнот.

Она за што се согласни сите 30 земји членки е дека ќе продолжат да испраќаат оружје во Украина и ќе продолжат да ѝ помагаат на сите можни начини, финансиски, хуманитарни или воени, истовремено засилувајќи го присуството и подготвеноста на Алијансата во источниот дел.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг порача дека мора НАТО да направи сѐ овој конфликт да не ескалира надвор од Украина.

„НАТО одговори на бруталната инвазија на Украина на единствен и брз начин, наметна строги санкции врз Русија, овозможи значителна воена, финансиска и хуманитарна помош и ја засилува колективната одбрана со зајакнување на трупите и зголемена подготвеност“, рече шефот на Алијансата.

Тој се заблагодари на САД за нивната улога во зајакнувањето на колективната одбрана на Европа преку испраќање нови трупи.

Американскиот државен секретар за одбрана, Лојд Остин увери дека членот пет на НАТО е цврст и дека во случај на напад врз една земја членка на НАТО, ќе одговори целата Алијанса.

Во овој контекст, на денешниот состанок земјите на НАТО ќе разговараат и за дронот кој падна во Загреб. Вчера Столтенберг порача дека ова беспилотно летало било невооружано, а НАТО членките чекаат да соберат повеќе детали за овој инцидент пред да одлучат како и дали ќе одговорат.

Конечно некои земји повторно на маса ќе го стават прашањето за забрана на летови над украинското небо или no-fly zones (НФЗ). Оваа иницијатива нема поддршка од САД, ниту од повеќето големи земји членки на НАТО, но естонскиот министер за одбрана, Кале Ланет, не исклучи промена во ставовите.

„Има различни ставови на оваа тема. Државите кои можат да вршат контрола врз НФЗ треба да дискутираат за ова, треба да најдеме консензус“, рече тој и истакна дека во НАТО може брзо да се променат ставовите.

„Видовме колку бргу се менуваат одлуките“, рече шефот на естонската одбрана, тоа значи дека никогаш не се знае колку брзо може да се промени одлуката за НФЗ.

Стравот во НАТО е дека доколку се прогласи зона на забрането летање, тоа ќе значи директна конфронтација меѓу НАТО и Русија и ризик од војна на целиот континент, хипотеза што Естонецот ја отфрли, но без повеќе детали.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.