НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Работата на правосудството ќе биде сериозно нарушена, многу судии и обвинители завршуваат со функции оваа година, предупредува Зибери

0
By Sashko on April 6, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на 2022 година сериозно ќе биде нарушена работата на правосудниот систем, бидејќи на голем број судии и јавни обвинители им завршуваат функциите, а Академијата за судии и јавни обвинители нема доволно капацитет да го надомести тој број, изјави народниот правобранител Насер Зибери во интервју за „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Меѓу првите жртви ќе бидат токму постапките кои се итни и за кои треба брзо да се реагира. Но, за жал ситуацијата е таква и мислам дека многу брзо треба да се реагира“, изјави Зибери.

Тој нагласи дека Академијата за судии и јавни обвинители мора да има поголем капацитет за создавање на кадар, додавајќи дека според информациите и разговорите кои ги имал, постојат сериозни проблеми и во однос на спроведување на конкурсите и програмата за обука.

„Државата мора побрзо да реагира, судството да се консолидира, за да не дојде до наталожување на предмети, да не дојде до судење надвор од законски предвидениот рок и полека да се врати довербата на граѓаните (во судството), затоа што таа навистина е алармантна“, смета Зибери.

Во интервјуто тој се осврна и воведувањето на дигиталните учебници, посочувајќи дека пред да се донесе одлука за тоа требало да се испита каква е подготвеноста на училиштата за спроведување на таков тип на настава.

„Ние сè уште имаме проблем. Одредени училишта немаат пристап до интернет, ниту стабилно електрично напојување за да имаат во функција уред. Нема ни поеднаква подготвеност на наставниот кадар за примена на новите технологии“, вели Зибери.

Според него, поради ова некои деца биле оневозможени да ја следат наставата.

„Да се надеваме дека проблемите полека ќе се надминат и државата ќе води соодветна сметка за сите параметри за вклучување на учениците во процесот преку новата концепција на учење“, додаде Зибери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.