Владата на денешната седница го разреши Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта на Северна Македонија“ на негово место, како дел од кадровските промени, доаѓа Васко Стефанов кој, пак, беше разрешен од функцијата заменик-директор на Агенцијата за вработување.
„На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија“, соопшти владината прес-служба.
Макрадули во изјава за медиуми вели дека не е запознат со причините на таквиот владин потег и упати за одговори на Илинденска ББ. Тој ја презеде функцијата во Пошта во ноември во 2020 година.