Владата на денешната 40. седница го разреши Стево Крстевски од должноста директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) на Република Северна Македонија, а за вршител на должноста директор на ФЗОРСМ ја именува Магдалена Филиповска –-Грашкоска, која е разрешена од должноста претседател на Инспекцискиот совет.
За в.д. претседател на Инспекцискиот совет, пак, е именувана Даниела Рендевска.