Во разговор со Нова членови на ДУИ потврдуваат дека Фијат Цановски од ПЕИ ќе оди на избори со кандидатот за градоначалник Зунун Зунини во општината Маврово Ростуше, каде и ќе ја добие нивната поддршка, а во рамки на договореното Цановски нема да поднесе кандидатура во Струга.
Изборите нема да ги бојкотира ниту Драгиша Милетиќ од Српската напредна странка. Во разговор со Нова Милетиќ потврдува дека во Куманово, Старо Нагоричане и Карпош се поднесени листи, но вели дека останува во опозицискиот блок и и понатаму ќе се бојкотира работата на Собраниеот. Дополнително, Милетиќ вели дека својата одлука ќе ја образложи во соопштение за јавноста.
Вчера вечер и Стевче Јакимовски поднесе кандидатура токму преку партијата на Драгиша Милетиќ. СДСМ денеска објави дека го исклучува Јакимовски од партијата.