НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прашањето за старт на преговорите да го решите до јуни, им порача Вархеји на С. Македонија и Бугарија пред денешната посета на Скопје

0
By Sashko on April 27, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји пред денешната посета на Скопје, порача прашањето за почеток на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ да се реши до јуни годинава. Тој изрази крајно разочарување што сè уште се разговара за ова прашање.

„Кога сум веќе во Софија, има уште едно големо прашање кое не може да се избегне, а да не се продискутира. Тоа е кога ќе ги имаме првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и со Албанија и кога ќе почнеме да испорачуваме кон овие земји“, рече Вархеји во обраќањето на Регионалниот форум за односите меѓу Европската Унија и Балканот (EU meets Balkans) во Софија.

Вархеји нагласи дека ЕУ нема ниту време, ниту интерес да се одложуваат првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана.

„Сите земји членки треба да ја разберат трансформативната моќ на процесот на пристапување. И ова е пораката што повторно ја носам во Софија. Бев тука пред три седмици и ќе доаѓам колку што е потребно за да се реши ова прашање во јуни годинава, бидејќи војната во Украина ни покажа дека ниту имаме време за губење, ниту интерес да се одложува овој процес“, подвлече Вархеји.

Според него, војната во Украина и лекциите од минатото покажаа дека треба да се забрза процесот на целосна интеграција на Западниот Балкан во Унијата.

„Кога го наследивме ќорсокакот во процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија, ние исто така наследивме регион каде што и економскиот и социјален јаз со ЕУ е огромен и тоа останува еден од клучните предизвици, да не ги споменуваме и институциналните реформи што треба да се направат“, додаде Вархеји.

Затоа, продолжи Вархеји, „важно е проширувањето на Западен Балкан да го ставиме во првите пет политички приоритети на ЕУ, затоа што војната што ја гледаме во Украина веќе ја имаме видено на Балканот и сè уште имаме лекции што треба да ги научиме, а тоа е дека целосната интеграција на Западниот Балкан во ЕУ најмногу ќе придонесе за стабилност и просперитет“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.