Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со надлежно јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Кочани против М.С. (45), М.С. (41) и здружение на граѓани од Кочани, се наведува во сооопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Пријавените сториле седум кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ и „Измама на штета на средства на Европската заедница“. Пријавените, во временскиот период од 01.01.2019 година до 02.09.2019 година, со прикажување на лажни и неточни податоци и изјави и склучување на фиктивни договори противправно присвоиле парични средства наменети за имплементација на проект во вредност од 522,700.00 денари, финансиран од Европска Комисија и регистриран во Централната база на податоци за странска помош при Секретаријат за европски прашања“, истакнуваат од МВР.