НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски најави институционална блокада и побара предвремени парламентарни избори

0
By Sashko on May 3, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Македонија никогаш не била полоша. И во таква состојба, не треба да се гледаат тесните партиски интереси, туку да се подаде рака. Во услови на криза, треба да генерираме единство. Се чудам како премиерот пред само 100 дена се фалеше дека имал телефонски разговор со мене, за 100 дена подоцна се плаши да излезе на лидерска средба на која ќе разговараме за предвремени избори. Јас не се плашам да излезам на избори, тој бега од предвремени избори“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањетио во Дневникот на ТВ Сител.

Опозициското барање за предвремено соочување со волјата на народот од власта е одбиено со образложение дека не е време за избори, „бидејќи земјава се соочувала со предизвици“.

„Многу европски земји одржаа избори. Тоа не е оправдување. За време на ковид-19 пандемијата ги одложувавме изборите, па потоа трчаа да ги организираат“, возврати Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за утре најави Извршен комитет на партијата на кој ќе се разговара за чекорите по 10 мај. Притоа најави еден вид на институционална блокада, како активна блокада на македонското Собрание со исклучок на оние закони кои значат повисоки плати за граѓаните.

„Често пати, кога се движам меѓу граѓаните, наидувам на прашањето „што правите, зошто молчите“. Но, не е така. Некој активно се труди да ја наметне тезата дека сите се исти, ние активно се бориме да ја демантираме таа теза“, истакна Мицкоски.

За чекорите што партијата што ќе ги преземе во наредниот период побара општествена поддршка.

„Јас побарав општествена поддршка – и партиска и непартиска. Она што го слушаме од граѓаните се промени и имам впечаток дека таа поддршка расте експоненцијално од ден во ден“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

С.Д.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.