НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Спасовски – Теодорикакос во Атина – борбата со организираниот криминал и тероризмот заложба на двете земји

0
By Sashko on May 3, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во Атина оствари средба со министерот за заштита на граѓаните на Република Грција, Панајотис Теодорикакос. Како што информираат од МВР, Спасовски и Теодорикакос искажале задоволството од начинот на кој се одвива соработката меѓу двете министерства и двете соседни земји во изминативе неколку години, како на оперативно така и на политичко ниво, со уверување дека овој тренд на соработка ќе продолжи да се надградува и во иднина.

,,На средбата стана збор за теми кои се актуелни во моментот, како што е состојбата со бегалците кои пристигнуваат од Украина, како и за состојбите со илегалната миграција. Во овој период се откриени 24 случаи на криумчарење мигранти во кои е спречен обид да бидат прокриумчарени 217 лица. Бројот на откриените случаи, кривичните дела и мигрантите бележат тренд на зголемување, споредбено со истиот период претходната година”, се вели во соопштението на МВР.

Во делот на меѓународната и регионалната соработка на двете министерства, министрите ја потенцирале важноста од истата, особено во заедничката борба против организираниот криминал и тероризмот и изразиле уверување дека и натаму остануваат посветени на заедничкото дејствување во рамки на регионални и меѓународни иницијативи.

,,Министрите се согласија за продлабочување на соработката помеѓу директорите на полиции на оперативно ниво, во делот на размена на искуства при заеднички вежби и обуки за специјалните елитни единици од двете земји во борбата со организираниот криминал и трговијата со дрога”, информираат од МВР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.