НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Делегација од ​канадската „Магна мехатроникс“ на разговори за влез во ТИРЗ

0
By Sashko on May 4, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: wardsauto.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски одржаа работна средба со делегација на менаџментот на канадската компанија „Магна мехатроникс“, предводена од Мајкл Купер, потпретседател на компанијата.

На средбата, како што денеска соопштија од  Дирекцијата за ТИРЗ, се разговарало за плановите за нови инвестиции на компанијата, од каде нагласиле дека разгледуваат неколку опции за отворање на нивната нова фабрика во Европа, а Северна Македонија е високо на нивната мапа.

Во моментот, се подвлекува, веќе се водат интензивни разговори за инвестиција во една од технолошко индустриските развојни зони во земјава.

На средбата од македонска страна биле презентирани можностите и предностите за инвестирање во земјава, меѓу кои и индивидуализиран пристап во однос на поддршка од државата.

„Исто така беше истакнато дека приоритет за оваа влада се одржливи и добро платени места. Од македонска страна, беше истакнато дека се очекува стабилноста за инвестиции во земјава преточена преку членството во НАТО, како и добрата и предвидлива деловна клима во земјава да придонесат во донесувањето на конечната одлука, а од компанијата посочија дека наскоро ќе ја завршат процедурата за донесување финална одлука за инвестирање“, се појаснува во соопштението.

„Магна мехатроникс“ е дел од корпорацијата „Магна интернешнал“ и произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти. Инаку матичната компанија „Магна интернешнал“ е канадска компанија која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот.

Оваа компанија од 2001 година, веќе 20 години по ред, континуирано е рангирана на листата Fortune Global 500. Магна се протега на пет континенти и 28 држави со преку 347 прозводствени операции и 84 центри за развој, инженеринг и продажба со повеќе од 158.000 вработени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.