Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На државната матура нема да има прашања од периодот на штрајкот, вели Наумовска

0
By НОВА ТВ Balaban on May 5, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 5, 2022 15:27

Согласно календарот, матурантите учат до 19 мај, и во рамки на тој период ќе биде продолжен рокот односно училиштата во текот на наредната недела да организираат полагање на проектната задача, рече Наумовска.

На испитите од државната матура нема да има прашања од наставниот материјал од времето на штрајкот во училиштата. Пријавени за матура во јуни се 15. 899 кандидати. Учениците кои не ја положија проектната задача, за која законскиот рок беше 21 април, ќе имаат дополнителен период да ја положат до 19 мај кога, според календарот за наставни денови, завршува учебната година за матурантите.

Елизабета Наумовска, директорка на Државниот испитен центар (ДИЦ), за МИА изјави дека 1598 ученици или нешто повеќе од 10 отсто од вкупниот број пријавени за матурата, останале без одбранета проектна задача поради штрајкот. Некои училишта ја организирале и за време на штрајкот, а некаде наставници во комисиите одбивале да организираат полагање на оваа задача која е дел од државната матура.

-Согласно календарот, матурантите учат до 19 мај, и во рамки на тој период ќе биде продолжен рокот односно училиштата во текот на наредната недела да организираат полагање на проектната задача, рече Наумовска.

Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација, која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми.

Датумите за полагање на двата екстерни испита од учебната 2021/2022 година во јунската испитна сесија остануваат непроменети – на 4 јуни матурантите ќе бидат тестирани по мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик и литература), а на 13 јуни ќе биде тестот по математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија или естетика.

-Освен за проектната задача, сите други рокови остануваат. Има доволно време и простор матурантите да се подготвуваат. И оваа година, како и лани, државна матура ќе полагаат по скратени испитни програми. Материјалот за испитни прашања е црпен од прва, втора, трета и четврта година до месец март и не го опфаќа овој период кога имало штрајк на наставниците. Од професорите кои во предметните комисии ги изготвија прашањата, ДИЦ доби уверување дека прашања од овој период, април-мај, нема. Тоа значи дека нема потреба ни за паника, ни за некакви барања и заговарања за укинување на матурата зашто тоа ќе значи неможност за влез во високото образование ниту во државава, ниту на странски универзитети, изјави Наумовска за МИА.

Нагласи дека секое пролонгирање ќе ги пролонгира и роковите за упис со што ќе им пропаднат шансите на кандидатите за студии во странство.

-Некои се условно примени во странство и треба околу 9 и 10 јули да достават диплома дека положиле матура за да бидат официјално примени. Меѓу нив има и деца кои примаат стипендии и штета би било да им го скратиме тој животен сон, додаде Наумовска.

За полагање државна матура во јунската испитна сесија се пријавиле 15 899 матуранти, од кои 7135 се од гимназиско образование, 8504 од стручно и 260 се ученици од уметничките училишта.

Матурата во јуни 2021 ја полагаа околу 15 300 ученици. Средната оценка од двата екстерни испита беше 3.61 и подобра од претходната државна матура, во 2019 година, кога просечниот успех беше 3.48.

Државната матура во земјава се спроведува од 2007 година. На крајот на 2019/2020 првпат не беше организирана поради КОВИД-19, а на барањето на минатогодишните матуранти да им бидат олеснети условите, бројот на екстерни испити беше намален од три на два односно третиот екстерен беше спуштен на ранг на интерен испит.

Државната матура Елизабета Наумовска периодот штрајкот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.