Во Скопје денеска ќе биде отворен почесен Конзулат на Грузија, како нов импулс за продлабочување на соработката меѓу двете држави и народи во повеќе области по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година.
На отворањето се најавени обраќања на Тамара Лилуашвили, нерезидентен амбасадор на Грузија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија и Марко Андонов, декан на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и почесен конзул на Грузија во земјата.
Ќе бидат присутни и претставници на деловната и академската заедница, МНР и дипломатскиот кор, како и државјани на Грузија кои живеат и работат во државава.