НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Ако Скопје и Софија не го решат спорот до јули, ќе бидеме во длабока криза со регионот

0
By Sashko on May 16, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: newsbeezer.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Високиот претставник за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жосеп Борел изјави дека поставува временска рамка за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија до крајот на француското претседателство на 30 јуни, јави дописничката на МИА од Брисел.

Борел ова го изјави вечерва на прес-конференцијата по Министерскиот совет за надворешни работи, на кој се одржа и посебна седница со министрите за надворешни работи од Западен Балкан за прв пат.

„Длабоко навлеговме во прашањето за односите со Бугарија, која го блокира процесот, за време на дебатата меѓу земјите членки на ЕУ и ова е нешто што мора да биде надминато. Има политичка волја во Советот за да се избегне криза, што би се случила ако не се реши спорот до крајот на француското претседателство. Ако не се случи тоа, ќе имаме сериозна криза во односите со земјите од Западниот Балкан и затоа ќе продолжиме да вршиме притисок врз двете страни да се изнајде решение“, изјави Борел вечерва од Брисел.

Тој потсети и дека Северна Македонија, заедно со Албанија и со Црна Гора, се целосно усогласени со надворешната политика на ЕУ и со санкциите на ЕУ против Русија, како и дека Северна Македонија и Албанија се наоѓаат на списокот на непријателски земји на Москва. Сево ова, посочи, ќе има цена.

„Треба да започнеме преговори со Северна Македонија и со Албанија и се надевам дека тоа ќе се случи за време на француското претседателство. Сметаме дека ова одлагање е неодржливо“, рече Борел, додавајќи и дека двете земји ги исполнуваат сите услови што се бараат од нив и ако немаат перспектива за ЕУ тоа ќе ја чини Европа многу во смисла на кредибилитет, а ќе претставува и подарок за Русија.

За Борел, процесот на кандидатура на Украина не е поврзан со процесот на проширување кон Западен Балкан.

На прашање дали се разгледува економска и финансиска помош за Северна Македонија и регионот поради последиците што ги трпат овие земји, Борел истакна дека не влегле во детали на оваа тема денеска.

„Знаеме дека Северна Македонија и други ќе имаат потреба од макрофинансиска помош. Ќе го инкорпорираме Западниот Балкан во нашиот одговор на кризата, но да бидам искрен, не навлеговме во ниту едно прашање за компензации или макрофинансиска помош“, порача Борел.

Тој претходно повика кризата да не се смета како последица на санкциите, туку од војната на Русија и оцени дека треба да води битка во делот на „наративот“ околу санкциите, исто така. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.