НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И Европската Комисија сака почеток на преговорите со Македонија и Албанија до крајот на јуни

0
By Sashko on May 18, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Комисија (ЕК) денеска за првпат се изјасни за временски рок за одржувањето на првата меѓувладина конференција со С. Македонија и Албанија за време на презентацијата на извештајот на европратеникот Илхан Ќучук, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во име на ЕК се огласи еврокомесарот Дидие Рејндерс, кој го заменуваше Оливер Вархеји попладнево во Европскиот Парламент. По воведот на известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук на неговата резолуција за земјата, тој повика преговорите со С. Македонија, како и со Албанија, да започнат пред крајот на француското претседателство на 30 јуни.

„Земјите членки на ЕУ донесоа одлука во март 2020 година да ги отворат преговорите со Албанија и Северна Македонија. Сега е време да се испорача и официјално да се отворат со двете земји пред крајот на француското претседателство“, изјави еврокомесарот.

Тој додаде дека ова е најсилниот сигнал што ЕУ може да му го испрати на целиот Западен Балкан.

Пред два дена и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел даде временски рок кога треба да започнат преговорите со Северна Македонија и предупреди дека доколку тоа не се случи до крајот на француското претседателство ќе се отвори сериозен проблем помеѓу ЕУ и целиот регион.

Европската Комисија досега никогаш не се изјаснуваше за рокови во однос на отпочнувањето на преговорите со Скопје и Тирана, користејќи го изразот „што е можно поскоро“.

Од ЕК изразуваат подготвеност да помогнат во изнаоѓање на решение за надминување на спорот помеѓу С. Македонија и Бугарија.

Известувачот Ќучук од своја страна предупреди дека „времето не е на ничија страна“ во овој спор.

„Ова е губитничка ситуација за Бугарија, за Северна Македонија и за ЕУ“, порача известувачот и ги повика Скопје и Софија да најдат заеднички прифатливо решение за да може да се одржи првата меѓувладина конференција, со што ќе им се даде перспектива на македонските граѓани.

Одолговлекувањето на почетокот на преговорите со Северна Македонија, според Ќучук има негативно влијание и врз геополитичкиот контекст. Тој додаде дека ова се историски времиња кои бараат лидерски одлуки, а не следење на јавното мислење.

Извештајот на Ќучук го поздравува реформскиот напредок во земјата, со низа забелешки, меѓу другото, за состојбата со медиумите, цивилното општество, изборниот законик. Најспорно во извештајот се поднесените амандмани во врска со спорот со Бугарија. Извештајот и амандманите ќе се усвојуваат утре попладне во Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив денешниот ден го прогласи за Ден на жалост – Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

Главниот украински град го прогласи 25 април за ден на жалост за 12-те лица убиени…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.