НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Шкотска ќе ни се придружи во друштвото на земји кандидати?

0
By Светлана Јовановска on September 17, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе треба ли Шкотска повторно да преговара членство во ЕУ доколку овој четврток одлучи да тргне по патот на независноста? Дали Шкотска, ако стане независна, ќе ни се придружи во друштвото на земји кандидати? Прашањето е едноставно но одговорот сосема сигурно не е ни лесен ни извесен.

Многу правни експерти веќе со месеци го анализираат проблемот, прв од ваков вид од постоењето на ЕУ. Дали независна Шкотска автоматски ќе стане членка, дали Европската повелба ќе треба повторно да се преговара и дали во такви преговори Шкотска ќе учествува како земја членка или не? Или Шкотска ќе треба да си поднесе барање за членство? Помеѓу бројните прашање се и оние за учеството на Шкотска во евро и Шенген зоната?

Шкотска стана членка на ЕУ во рамките на Велика Британија во 1973 година и според логиката која не поаѓа од правни аспекти оваа земја би требало да остане членка на ЕУ. Така, ако Шкотланѓаните гласале за независност и ако легитиметот на гласањето е прифатен од страна на Велика Британија, Шкотска треба да остане членка исто како што е сега Велика Британија, без учество во еврото и Шенген.

Според професорот на Универзитетот во Есекс Стив Пирс, испитувањата во Шкотска покажуваат дека поддршката во Шкотска е 2 – 1 за останување во ЕУ и се чини дека тука нема никаков проблем – Шкотлаѓаните сакаат да бидат во ЕУ. Но, што ќе се случи доколку Шкотска не стане независна а Велика Британија одлучи да излезе од ЕУ на референдумот закажан во 2017 година? Ова е уште едно прашање на кое засега нема одговор.

Според правниците, Европската повелба не предвидува случај во кој една земја која ќе се одвои од друга земја членка т реба да поднесе барање за членство. Нема доказ, вели Дејвид Едвардс, Шкотланѓанин и поранешен судија на Европскиот суд на правдата, дека Повелбата воопшто зела во предвид вакво сценарио особено кога се знае дека некои земји членки се соочуваат со сеценионистички движења. Пишувачите на Повелбата не сакале да додадат вода во воденицата на сецесионистите и не го предвиделе овој случај.

Според некои, не е праведно да им се одземе на Шкотланѓаните правото да бидат европски граѓани бидејќи тие тој статус би го загубиле без да бидат прашани дали сакаат или не да бидат во ЕУ. Значи, би било праведно Шкотска да остане членка на ЕУ. Шкотската влада се разбира е приврзаник на оваа теза.

Таа вели дека сегашните земји членки (28 во кои е Велика Британија но не и Шкотска) треба да донесат амандман на Повелбата во период од 18 месеци во текот на кои шкотската независност ќе ги помине процедурите за да се етаблира како посебна држава и тоа ќе значи дека веднаш потоа Шкотска станува автоматски земја членка – 29та.

Но, според професорот Пирс, за да стане ова реалност, земјите членки ќе треба да и направат услуга на Шкотска бидејќи според европското право оваа постапка не е легална. Освен тоа, ова би било охрабрување за другите региони кои сонуваат независност како Фландрија во Белгија или Каталонија во Шпанија.

Поради оваа причина сосема е можно некои земји членки, како Шпанија и Белгија но и други кои имаат проблеми со своите региони, да сторат се за да го забават и комплицираат шкотското останување или влегување во ЕУ.

Се разбира дека политиката ќе има значаен збор во иднината на Шкотска и нејзината можна независност. Така, некои политички групи во Европскиот парламент веќе се закануваат дека ќе ја блокираат Шкотска доколку и таа, како и Велика Британија, одлучи да не влезе во еврото и Шенген зоната.

Европската комисија од своја страна одбива да коментира иако нејзиниот сегашен претседател во јануари изјави дека Шкотска ќе треба да повторно да бара членство.

Како и да е, Повелбата на ЕУ не им го олеснува животот на поддржувачите на независноста. Доколку Шкотска стане независна овие проблеми ќе треба да се решаваат со многу трпение и добра волја помеѓу сите земји членки на ЕУ, без или со независна Шкотска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.