НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Криза е, ама обезбедивме сѐ што може да се обезбеди

0
By Sashko on June 1, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оваа година ќе мора да ја менуваме свеста, ќе менуваме сѐ во земјоделието и ќе мора да го правиме тоа што го бара пазарот. Ако сме најусогласена земја со заедничката европска политика, ќе мора тоа и на дело да го покажеме, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во обраќањето на настан по повод 1 јуни, Светски ден на млекото.

„Криза е, ама обезбедивме сѐ што може да се обезбеди. Единствена земја во регионот во која вештачко ѓубриво се субвенционира со 40 отсто, поддршката за зелена нафта, со ребалансот ќе се измени до 100 проценти. Интервентен фонд не постои во ниедна друга земја, а ние оваа година имаме 15 милиони евра плус за интервентниот фонд. Тоа е обврска и за сите сточари и за сите земјоделци, да се усогласиме и заедно да ги менуваме работите и да се приклучиме на сите трендови“, изјави Николовски, порачувајќи им на присутните млекопроизводители да не се грижат за исплатата на субвенциите, бидејќи се обезбедени 500 милиони денари за да им се исплатат средства за сите фази.

Во своето обраќање Николовски ги потенцираше сите мерки кои Министерството ги презема за поддршка на млекопроизводителите и сточарите со посебен осврт на новиот модел на субвенционирање.

„Од оваа година почнува пилот проект за авансно субвенционирање најпрво во овоштарството а од 2023 за сите земјоделци, со кое ќе се овозможи 90 дена по аплицирањето земјоделците да добијат 30 отсто од сумата, а останатите 70 проценти ќе ги добиваат како и досега. Со ова ќе започне исплата на субвенциите од оваа за оваа година, нема да чекате до следната година за да ги добиете субвенциите“, рече Николовски.

Тој потсети дека Министерството презеде низа мерки за поддршка на сточарите, како што е новата Програма за директни плаќања со која, како што нагласи, „ги зголемивме субвенциите во сточарството“.

„Ја зголемивме поддршката за говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло и исто така ја зголемивме и субвенцијата кај обележани грла овци од 1000 на 1200 денари. Оваа година за прв пат воведовме дополнителна субвенција за квалитет на млеко. Производителите на кравјо млеко кои произведуваат млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар. Поддршката за овчо и козјо млеко, исто така, ја зголемивме од 4,5 денари по литар на 5,5 денари по литар млеко. На овој начин се стимулираат производителите на млеко да произведуваат квалитетно млеко, што ќе влијае на зголемување на откупната цена на млекото“, додаде министерот.

Тој потенцира дека во услови на економска криза, преку Интервентиот фонд е воведена интервентна субвенција во износ од 5,5 денари за кравјо млеко произведено и предадено во преработувачки капацитети во периодот од јануари до април 2022 година, со која на млекопороизводителите им се помага полесно да ја надминат економската криза.

„Како еден од главните параметри за успешност во производството на млеко и млечните производи е избирање на вистинските млечни раси. Ова е година на историски највисока набавка на високопедигрирани грла добиток, со висок генетски потенцијал. Сточниот фонд ќе се обнови со високомлечни раси. Со тоа ќе имаме и зголемено производство на млеко. Потпишани се договори со 103 баратели кои ќе бидат поддржани со вкупна сума од над 253 милиони денари со кои сточарите ќе можат да набават вкупно 3.842 грла високопедигриран добиток. За сточарите е особено важно да имаат доволно сточна храна. За таа цел, во подготовка се и нови јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари, од кои едниот ќе биде наменет за одгледување на сточна храна“, истакна Николовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.